ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Граѓанските организации и експертите да се вклучат во носењето на измените на Законот за животна средина

May 6, 2021 15:41
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска ја заврши расправата за неколку закони од 29. и 30. седница, а гласањето за нив ќе биде закажано дополнително.

Во рамки на 30. седница се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за животна средина, во прво читање. Заменик министерката за животна средина Христина Оџаклиеска објасни дека со овие измени се пропишуваа одредби со кои се дефинираат контаминирани подрачја, како и воспоставување на правен основ за донесување на методологија за идентификување на контаминирани подрачја, односно воспоставување на одредби со кои се уредува постапувањето со контаминирани подрачја, усогласување на статусот на експертите за оцена на влијание на проектот врз животната средина и експерт за стратегиска оцена на животната средина, доуредување на практичниот дел од испитот за постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење, доуредување на делот за финансирање во животната средина и усогласување на прекршочната политика и одредбите за инспекциски надзор со новите прописи од соодветната област.

– Има измени на глоби што се однесува на прекршоците сторени од страна на физички и правни лица, согласно ограничувањата кои се предвидени во законот за прекршоци при што од утврдената максимална глоба изречена во дваесеткратен износ од основната, кај најсериозните прекршоци од третата категорија се намалува за 30 проценти, поблагите прекршоци во втора категорија и за уште 30 проценти кај најблагите прекршувања. За одговорните лица глобата е утврдена по принципот на 5 проценти од максиималниот износ за правното лице, истакна Оџаклиеска.

Пратениците ги повикаа невладините организации и експертската јавност да се вклучи во носењето на измените со свои предлози затоа што како што кажа, уредува, суштинска област.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека во овој закон се воведува една нова дефиниција за контаминирано подрачје, нешто што, според него ќе им даде можност на Министерството и на централната власт да решаваат некои горливи проблеми на локално ниво.

Стојановски на седницата го отвори проблемот со двете диви депонии во Ѓорче Петров, на барање на жители од овој дел на главниот град.

– Во Општината во која што живеам има две диви депонии што се зрели да се прогласат за контаминирани подрачја.За едната депонија граѓаните неколку пати упатуваат на локалната власт, меѓутоа од таму немаат слух, и покрај тоа што се вели дека се издвојуваат средства за таа да се исчисти, не е точно, затоа што прво чуварската служба е отсутна, второ се дигнати рампите, а третото неколку пати и на медиуми со видео и со фотографии се фатени самата механизација на општината, камиони, како одлагаат отпад. Населението излезе на протести, Градот Скопје велеше дека издвоиле 10 милиони денари, истакна Стојановски, додавајќи дека сепак сметот се одлага од едната на другата страна на Новоселската депонија. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, сега се создава друга депонија од потегот од селото Орман до Волково по течението на реката Лепенец, која е вистинска еколошка бомба.

Од заменик-министерката побара веднаш штом ќе стапи на сила законот, да почне да се решава проблемот на начин на којшто е инкорпорирано во законот.

Маја Морачанин од ДОМ истакна дека е многу важно што со овој закон практично и правно се уредува целата постапка, не само прогласување на некое подрачје за контаминирано туку и за негова ремидијација.

– Целосно се согласувам дека не е доволно само некоја дива депонија да се исчисти еднаш затоа што сме сите сведоци дека и по чистењето само за неколку дена, по неколку седмици потоа повторно се враќа таму отпадот и пак се претвора во депонија, што секако не е добро ни од аспект на животната средина, ни од аспект на здравјето на граѓаните, а и финансиски не е одржливо бидејќи постојано се доведуваме во ситуација и општините и градот да вложуваме и да трошиме средства за кои нема ефект. Затоа е многу важно да се направи ремедијација на тоа подрачје кое што претходно било дова депонија и да му се даде друга содржина и намена, за да може граѓаните потоа да го користат за свои потреби. Тука е многу важна инспекцијата, и да ги санкционираат граѓаните кои диво одлагаат отпад, рече Морачанин.

За дивата депонија кај Лепенец, рече дека на барање на советникот на ДОМ со ребалансот на Буџетот на Општина Ѓорче Петров одвоени се дополнителни средства за оваа намена. Сепак, кажа дека ова законско решение може да овозможи депонијата комплетно да исчисти.

Собранието ќе продолжи со работа во 16 часот.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk