ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Имаме потреба од јавни, а не владини или политички кампањи во медиумите, вели Заев

May 6, 2021 14:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вели дека во текот на наредните денови ќе се одржат повеќе состаноци и средби, пред се со медиумските здруженија, но и со здруженијата на медиумски работници, за да се најде начин како да се реализираат јавни кампањи во медиумите.

– Имаме сериозен план и една од темите на кои сме посветени како Влада е како да овозможиме спроведување на кампања од јавен интерес, не, од политички интерес, не од владин интерес – од јавен интерес. Затоа отворивме една дебата и верувам следните денови ќе се одржат доста состаноци и средби, пред се со медиумските здруженија, но и со здруженијата на медиумски работници, со сите чинители да изнајдеме начин како потребата од јавните кампањи, како што сме сега исправени пред кампања од јавен интерес за вакцинација, да ја подигнеме за да може час поскоро да постигнеме колективна имунизација и со тоа да ја совладиме и победиме пандемијата КОВИД -19. Поинаку не можеме, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. 

Но, исто така, додаде тој, во разговорите сакаме да укажеме дека гледаме начин како да ги зајакнеме медиумските работници, како да ги зајакнеме во делот на нивното функционирање, стабилност и независност и новинарите и медиумите генерално.

– Затоа предлагаме варијанта за формирање на фонд за истражувачко новинарство што ќе помогне во идни кампањи за борба против криминалот и корупцијата. Сакаме да продуцираме фонд за нови продукции. Навистина сакаме да гледаме продукции на содржини коишто ги има во светот, а кај нас ги нема – образовни, еколошки или слично. Но, исто така сакаме да овозможиме и спроведување кампањи од јавен интерес. Затоа ќе ги повикаме сите здруженија на медиумски работници, сите здруженија на медиуми, сите експерти во следниот период за да изнајдеме вакво решение затоа што, еве ќе го поставам потенцијално прашањето. Зошто да може ЕУ, зошто да може УНИЦЕФ или ОН да водат кампања од јавен интерес, а државата да не може да води? Може и опозицијата да отвори потреба од некоја јавна кампања, рече премиерот.

Како што нагласи тој, критериумите за тоа мора да бидат јасно мониторирани од медиумските работници, од медиумите сите заедно за да нема политички кампањи, но, јавните кампањи треба да се спроведат.

– Јас на пример не би можел мирно да спијам ако државата не е подготвена да го анимира, информира своето население при евентуални катастрофи, земјотреси, пожари, поплави или слично. Ние немаме начин како. Секаде во светот постојат тие алатки. Затоа сакам да ја отворам вака дебатата за низ дебата да ги изнајдеме решенијата и на крајот коректив да бидат тие што се будното око. Да не ни се случат слабостите од минатото кога буквално со јавни пари се купуваа медиуми, медиумски работници или слично. Не, никако политички кампањи или владини кампањи, освен јасно по пат на критериуми, утврдени кампањи од јавен интерес. Верувам дека сите заедно ќе бидеме одговорни пред донесувањето на вака значајни одлуки, дециден е ремиерот Заев.

Тој повтори дека во ниту еден случај никогаш повеќе нема да има владини или политички кампањи, туку само кампањи од јавен интерес.

– Еве доаѓа лето, што ако се случат пожари? Може живот ќе спасите затоа што медиумот не е должен да ја пренесе изјавата на соодветен министер, премиер, претседател или кој било, а должноста на државата е да го анимира или информира населението, а може некогаш да значи и спасување и на живот и на материјални добра. Секаде во светот како што постои. Вториот дел е други видови на катастрофи. Третиот дел важен пред којшто сме сега исправени како да ја доближиме потребата со сите неопходни информации за вакцинацијата до населението во услови кога само 50 отсто од нашето население има позитивен став за вакцинацијата. Како ќе ја победиме пандемијата, како тоа да го направиме, рече премиерот Заев.

Тој нагласи дека единствено што сака Владата е да се исполнат тие цели.

извор: МИА

Next Post

Скопје очекува од ЕУ потврда на европските вредности и да го испорача ветеното

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Ќе направиме генералка во цело Скопје во првите 72 часа

October 23, 2025

Стармер: Балканот е европско искушение – котел што безбедноста ја става на тест

October 23, 2025

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk