ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Само шест отсто од тестираните позитивни на Ковид-19, вакцинирани над 97 илјади граѓани, 250 илајди пријавени за вакцинација

May 9, 2021 08:33
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројките покажуваат стивнување на епидемијата со коронавирусот. Вчера од направени 3.108 тестирања само 198 биле позитивни, што е шест отсто од тестираните. Пред извесно време тој процентот се движеше над 25. Се намалува и бројот на починати. Вчера се регистрирани 12 лица кои не ја добиле битката со Ковид-19. Најмладиот е на 37 години од Крушево. Регистрирани се и 333 оздравени пациенти.

Паралелно со тестирањата, се одвива и вакцинацијата. Министерството за здравство информира дека заклучно со завчера во цела држава вакцинирани се 97.004 граѓани, а преку веб-платформата „vakcinacija.mk“ за вакцинирање се пријавиле 256.346 граѓани.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Прва доза вакцина вчера примиле 12.487 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.725 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки 32 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, соопштуваат од министерството.

Оттаму додаваат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 256.346 граѓани.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на „vakcinacija.mk“, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Досега во земјата се направени вкупно 738.012 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.

Според епидемиолошки анализи, во моментов најмногу активни случаи има во Скопје – 5099, следува Куманово – 900, Битола – 725, Прилеп – 444, Тетово – 447, Охрид-406. Во другите градови се под 400 активни случаи.

Се намалува бројот и на хоспитализирани. Ако кон крајот на април во болниците имаше околу 1300 пациенти кои се лекуваат од Ковид-19, сега има вкупно 806. Во Скопје се лекуваат 340 лица, а во болниците низ државата 466 пациенти. Има околу 864 празни болнички кревети.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти, во Штип 51, Тетово – 11, Велес – 59, во Куманово има 57 пациенти, Охрид – 55, Прилеп – 40, Гостивар има 15 во болница, Струга – 14.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 50 пациенти, во Кочани 20, Кичево – 10, Кавадарци – 24, а во Гевгелија се лекуваат шест пациенти.

Во главниот град се хоспитализирани 340. Во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники се лекува 112 пациент, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 118 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има седум пациенти.

На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 а на Гинекологија нема позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има седум болни.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во болниците во главниот град има околу 330 слободни кревети.

Од МВР информираат дека во полицискиот час го прекршиле 21 лице, а 372 биле санкционирани за неносење маска.

Полицискиот час сега трае од 23 часот навечер до 5 часот наредниот ден.

Од Владата најавија дека за дополнителни олабавување на рестриктивните мерки ќе се одлучува на почетокот на следната недела.

извор: МИА

Next Post

Ден на победата над фашизмот

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk