ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Коста Петров шест месеци во ФИТР: Иднината им припаѓа на стартапите!

May 10, 2021 12:03
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС
Коста Петров. Фото: ФИТР

Коста Петров. Фото: ФИТР

Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров, преку објава на Фејсбук споделува серија успешни проекти и активности кои биле реализирани во ФИТР за овие шест месеци откако е директор на фондот.

Петров особено ја потенцира улогата на тимот на ФИТР, без кој, како што вели, сето ова немаше да биде реалност.

Тој ги истакнува: формирањето на Националниот стартап совет, објавувањето на првата програмата на ФИТР за Корпоративна иновативност, вклучувањето на банките во развојот на македонскиот стартап екосистем, ФИТР стана стратешки партнер на Amazon Web Services и многу други активности, иницијативи и проекти.

„По шест месеци од моето именување за директор на ФИТР, со гордост сакам да споделам серија успешни проекти, иницијативи и активности кои ги направивме. Без одличниот тим на ФИТР со кој работам, сето ова немаше да биде реалност. Сосема свесни дека пред нас има уште многу работна но и полни со енергија и ентузијазам за нови предизвици.

Формиравме Национален стартап совет преку кој за прв пат државата заедно со преставници од екосистемот развива стратегија за трансформација на македонскиот стартап екосистем.

Со Националниот стартап совет подготвивме листа на потребни законски измени за побрз развој на македонските стартапи. На првиот Национален стартап самит на 28ми мај и официјално ќе ги презентираме овие, повеќе од потребни, законски измени.

Заедно со Стартап Македонија изработивме истражување за трендовите и предизвиците во македонскиот стартап екосистем. Резултатите од истражувањето ќе ги презентираме веќе идната недела.

Ја објавивме првата програмата на ФИТР за Корпоративна иновативност чија цел е поголема соработка помеѓу македонските корпорации и стартапите. Со Тинекс, нашиот прв корпоративен партнер, во тек е Јавниот повик “Стартап Херои” преку кој на стартапите со иновативни производи им овозможуваме пласман на специјално брендирани полици во маркетите на Тинекс ширум земјата.

Ги вклучуваме и банките во развојот на македонскиот стартап екосистем. Две банки веќе креираа специјални пакети за нашите иноватири. Оваа недела потпишуваме договор и со трета банка а до крајот на месецот, уште две банки ќе се вклучат на нашата иницијатива. Преку оваа иницијатива, македонските банки за прв пат ги олеснуваат условите за кредити за македонските иноватори!

ФИТР стана стратешки партнер на Amazon Web Services. Преку оваа соработка, ФИТР им нуди на македонските стартапи кредити од 10.000, 25.000 и 100.000 американски долари, за кредити за користење на оваа глобална платформа.

Двојно го зголемивме буџетот за Јавниот повик за Кофинансирани грантови за технолошки развој. Пристигнаа 706 рекордни апликации а во тек е претселекција на пристигнатите апликации.

Целосно го ревидиравме повикот за стартап и спин оф компании и за прв пат овозможивме аплицирање за проектни тимови. За прв пат и средствата преку овој јавен повик се неповратни.

Со МОН го објавивме јавниот повик “Предизвик за млади истражувачи #4

За прв пат организиравме Јавен повик за дигитализација на земјоделството

Владата на РСМ избра три нови членови во Комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР вклучувајќи го и Претседеталот на КОИ – Марвин Лиао, инаку поранешен комерцијален директор на Јаху и основач на 500 стартапс во Сан Франциско.

ФИТР стана прва државна институција сертифицирана со ISO 37001: 2017 стандардот за борба против корупција.

Целосно ја ревидиравме менторската програма на ФИТР и за прв пат вклучивме менторска програма за потенцијални корисници и одбиени корисници.

Заедно со Семос Едукација организираме бесплатни обуки за 1000 лица за вештачка интелигенција

Импакт евалуацијата на „Фајнанс Тинк“ потврди дека финансиската поддршка од #ФИТР е ефективна и треба да ја задржи досегашната форма.

Организиравме над 30 инфосесии со водечки експерти од земјава и странство, вклучувајќи и претставници од Facebook, YouTube & Lego

Потпишавме меморандуми за соработка со Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост, МАСИТ, USAID, Startup Macedonia, Државниот завод за индустриска сопственост и ред други стратешки партнери.

Владата донесе одлука за формирање работна група за подготовка на Национална стратегија за вештачка интелигенција, a #ФИТР ќе обезбеди номинации за членови на работна група.

Во следните шест месеци продолжуваме со уште позабрзано темпо:

Прв јавен повик за лабаратории за производство – FAB Labs

Јавен повик за доделување на финансиски средства преку Иновациски ваучери

Јавен повик за финансирање на предлог проекти преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации

Наш најголем приоритет останува регистрирањето на нашиот прв Инвестициски фонд преку кој сериозно ќе го олесниме пристапот до финансии за најниновативните македонските стартапи!

Со големи и брзи чекори одиме кон позиционирање на Северна Македонија како регионален стартап хаб.

Продолжуваме понатаму! Иднината им припаѓа на стартапите!“, вели во својата објава директорот на ФИТР, Коста Петров.

J. Ѓ.

 

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk