Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека
Единствен спас во пандемијата е создавањето на колективен имунитет, што можеме да го добиеме преку вакцинирање. Во моментов, ефикасноста на вакцините е сигурно над 95 отсто. Ниту една вакцина не предизвикува болест, а најдобрата вакцина е онаа која прва ќе ни стане достапна.
Министерката за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја ја изрази шпанската поддршка за пристапување на Северна Македонија во Европската унија, објави шпанското МНР по нејзината средба со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Португалското претседателство и натаму вложува напори да се изнајде решение помеѓу Скопје и Софија за да може пред крајот на јуни да се отворат преговорите со Северна Македонија, но и да не се одвои од Албанија
Владата денеска го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за олабавување на рестриктивните мерки. Веќе од четврток полицискиот час ќе почнува од полноќ и ќе трае до 4 часот наутро. Исклучок од посебниот режим на движење во вечерните часови ќе има само утре за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.