ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Шпанија е силен поддржувач на Северна Македонија, Потпишана соработка во областа на културата меѓу Северна Македонија и Унгарија

May 12, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Шпанија е силен поддржувач на Северна Македонија и се залага за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ и со тоа старт на преговорите за членство, истакна претседателот на шпанската Влада Педро Санчез на средбата во Мадрид со македонскиот премиер Зоран Заев.

Се уште верувам дека постои можност да се влезе во посуштински разговори и со техничката Влада во Бугарија, имајќи предвид дека Бугарија во март минатата година даде веќе зелено светло за започнување преговори, односно кога се донесе политичката одлука, така што нема дилема дека има консензус по однос на одлуката за започнување преговори. Останува прашањето на текстот на преговарачката рамка како предуслов за одржување на првата меѓувладина конференција, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто.

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска го посети граничниот премин Ќафасан, каде што оствари работна средба со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески и со дел од вработените во царинската испостава во Ќафасан.

Министерката за култура Ирена Стефоска и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, кој е во работна посета на земјава, денеска потпишаа Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за човечки ресурси на Унгарија за периодот 2021 – 2023 година.

Согласно меѓународното право и пракса сметам дека во конкретниот случај единствено изрекување на ефективни казни затвор ќе делуваат одвратувачки на сите идни можни сторители, наведе во завршен збор за случајот „Тортура“ јавниот обвинител Љубомир Лапе, а кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски на 6 јуни 2011 година.

Премиерот на кралството Шпанија, Педро Санчез, попладнево по состанокот со премиерот Зоран Заев упати видео порака до сите граѓани на Република Северна Македонија чие обраќање интегрално ви го пренесуваме: „Само што ја завршив средбата со премиерот на Република Северна Македонија со мојот пријател Зоран Заев и пред сè би сакал да кажам дека состанокот беше многу плоден, дека и двајцата како претседатели на нашите влади, сме посветени на зајакнување на билатералната соработка, економското закрепнување и политичките односи меѓу двете земји.

Next Post

Возачи во паника на бензиските станици во САД откако шести ден не работи „Colonial Pipeline“

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk