ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Лагите дека ковид и вакцините се измама – сè уште актуелни

May 12, 2021 13:36
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Објава на Фејсбук на македонски јазик шири дезинформации околу ковид-19 без никакви докази. Освен ова или паралелно со ова, шири и антиваксерство, повикувајќи ги луѓето да не се вакцинираат, пишува „Вистиномер“ во анализа, што подолу ја пренесуваме во целост.

Во објавата во која се мешаат и Трамп и наводна Q армија, се наведува:

Доброутро на сите .

Вие гледате ВЕЛИКО БУДЕЊЕ на човештвото,најголемиот пресврт во историјата на нашето постоење.

Ковид е измама.

Одбивајте вакцини.

Најдоброто допрва доаѓа Q

Напред Трамп и Q ,сите сме со вас.

Оваа објава започнува со зборовите „велико будење на човештвото“, во смисла дека претстои некаков пресврт во човечкото секојдневие, а под тоа, читајќи ги последователните зборови, се разбира дека таа промена се однесувала на корона вирусот и болеста ковид 19.

Клучните две пораки се ковид е измама и одбивајте вакцини.

На прв поглед може да изгледа непотребно да се разобличува првата порака дека ковид е измама, но, сепак, со оглед на сè уште огромниот број „неверници“ или лица со колеблив став околу вирусот и болеста, не е одвишно да повториме некои работи.

Светската здравстена организација (СЗО) пандемијата ја прогласи на 11 март 2020 година. Раководството тогаш на брифингот за причините за пандемијата соопшти:

Во последните две недели бројот на заразени со корона вирусот надвор од границите на Кина се зголемува. Бројот на земји, кои пријавија случаи позитивни на овој вирус, се триплираше. Во моментов имаме 118.000 заразени во 114 држави во светот. Вкупно 4.291 лица досега ги загубија своите животи, а илјадници други се борат за своите животи низ болниците.

Состојбата на пандемија, со мали исклучоци на неколку влади и лидери, ја прифатија сите земји во светот. Оттогаш па до денеска, 10.05.2021, кога е пишувана оваа рецензија, од корона вирусот Сарс-Ков2 во светот се заразиле над 159 милиони луѓе, над 136,5 милиони оздравеле, а над 3,3 милиони умреле како последица од ковид-19 (Бројките се од веб страната wordlometers, еден од најреспектабилните статистички сајтови во светот, кој користи исклучиво официјални податоци на здравствените системи во секоја земја).

Така што, нема сомневање дека објавата оти ковид е измама е кристално чиста лага, која може да ја пласираат само некои кои ја имале таа среќа да не се сретнат лично или во кругот на семејството и пријателите со таа болест или со вирусот или пак имаат некои скриени агенди.

Антиваксерскиот повик да се одбиваат вакцините е нешто што на прв поглед личи на право и слобода на авторот на постот, бидејќи во најголемиот дел од светот, а согласно и препораките на СЗО, вакцинацијата против корона и против ковид е на доброволна основа. Но, тоа не значи дека повикот не е базиран врз лага. Зашто тоа би значело дека цела биохемиска и медицинска наука во светот, која работеше на пронаоѓање ефективни вакцини, како и на презентација на поствакциналните ефекти врз пандемијата – се, исто така, лага.

За разобличување на оваа лага повторно ќе се послужиме со статистиката што ја нуди worldometars. Како пример ќе земеме три земји каде што вакцинацијата е масовно спроведена и каде што имунитетот на ниво на крдо, т.е. масовниот имунитет е веќе достигнат или е близу, па може да се видат предностите од вакцинацијата.

На пример, земја која предничи во тој процес е Израел, каде што над 60 отсто од населението е веќе вакцинирано. Израел речиси целосно се отвори, укинати се сите тешки рестриктивни мерки, а бројките на новозаразени и на починати е во континуирано опаѓање од март па до денес, така што починати се пријавуваат по еден или ниеден, како што е на 10.05.2021. (погледнете ги бројките и графиконите).

Добар пример е и Велика Британија. И таму вакцинацијата е започната уште при крајот на декември и се спроведува масовно. Бројката од над 1.800 починати во еден ден на 20 јануари, сега на почетокот на мај е сведена на двајца починати на 9.05.2020 (види тука графици и бројки).

Во 330 милионските САД, каде што во јануари умирале по 4.500 луѓе од ковид 19, последните неколку дена тие бројки се сведени на околу 200 до околу 800 на ден, а за 09.05 бројката на починати е 241 лице. (и тука видете ги бројките и графиците).

Според погоре изнесените факти, објавата што ја рецензираме може да се оцени како лага, т.е. невистина, пишува „Вистиномер“ во анализата.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk