ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Драмските аматери од Кичево ја подготвуваат претставата „Ако останеш дома“ на Карој Сакони

May 13, 2021 18:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако не добија официјална потврда дека можат да ја променат драмската претстава што е во склад со протоколите од Ковид-19, сепак, драмските аматери од Кичево, кои работат во рамките на Центарот за култура, започнаа со подготовка на претставата „Ако останеш дома“ на унгарскиот драматург Карој Сакони, потврди носителот на една од главните улоги и режисер, Михајло Петрески.

-По исклучувањето на можноста поради голем број на актери на сцената во исто време, да ја подготвиме драмата на Видое Подгорец „Белото циганче“, побаравме мислење од Министерството за култура пред еден месец, дали можеме да ја подготвиме драмската претстава „Ако останеш дома“, на унгарскиот писател Карој Сакони и до денес немаме повратен одговор. Ако се има предвид дека во нашиот Центар за култура невозможно е да се работи во студениот дел од годината, поради немање на затоплување,, одлучивме да почнеме со подготовка на драмата на унгарскиот автор, истакна актерот и режисер Михајло Петрески.

Тој посочи дека станува збор за драмска претстава со двајца актери, што е во склад со протоколите во еден момент да нема повеќе актери на сцената и додаде дека оваа претстава во тој поглед може даги задоволи и најстрогите критериуми за театарски претстави.

Петрески истакна дека до средината на летото оваа драма ќе биде целосно подготвена и ќе може да биде премиерно изведена и најави дека до средината на есента во план е да подготви уште еден драмски текст.

Потсети дека и по цена финансиски да не бидат поддржани од Министерството за култура со 50.000 денари , како што беше планирано со Програмата за годинава, сепак тие ќе ја подготват оваа драмска претстава и за два месеца премиерно ќе ја изведат.

За женската улога во оваа драмска претстава избрана е Ивона Танеска, талентирана актерка од Кичево која во оваа дејност е полни 20 години.

-Покрај мене во оваа драмска претстава женската улога ќе ја толкува Ивона Танеска, која уште пред 25 години беше членка на драмската секција и многу успешно ја одигра улогата на Хајди и се очекува и во оваа драмска претстава да биде на висина на задачата, додаде Петрески.

извор: МИА
Next Post

ГП „Евзони“ кон Грција од утре се отвора за граѓаните на С. Македонија со негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени вакцини или позитивен ИГГ

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk