Oд МВР демантираат дека вчера имало престрелка во населбата Ченто во Скопје.
„Дел од порталите, вечерва шират лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени. МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите кои ги пласираат овие портали туку да се информираат од професионалните медиуми, кои објавуваат проверени информации.“, стои во демантот од МВР.
Оттаму известуваат дека во Ченто сношти имало сообраќајна незгода, а не престрелка, како што беше објавена лажна вест.