ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

РЕТРО Оптимизам во Скопје по најавените иницијативи за помош на Грција во спорот со Софија

May 15, 2021 09:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Северна Македонија опстојува оптимизмот за надминување на блокадата на Софија на патот на евроинтеграциите, особено по понудените идеи од Грција кои би можеле да помогнат во постигнување на целта.

Премиерот Зоран Заев во интервју за дописничката на МИА во Атина, посочува дека Грција е еден од најпосветените наши пријатели за нашата ЕУ перспектива, и открива дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис развил неколку позитивни идеи, кои би можеле да помогнат за тргање на бугарската блокада.

-Јас верувам во тој оптимизам што го кажав од многу прагматични причини. Значи ова покрај тоа што е проблем и предизвик на Северна Македонија, е проблем и на Европската Унија или предизвик за Европската Унија, вклучувајќи ја Грција и Бугарија. Така да треба да ја мислат и тие заедно, а Грција исто така затоа што го тангира и Преспанскиот договор и треба да биде дополнително заинтересирана и на крајот е голем поддржувач на интеграциите на Северна Македонија и на Албанија затоа што сѐ почна од 2003 година од Солунскиот самит, кога се сврте фокусот на евроинтеграциите на Западен Балкан во Европската Унија, вели Заев.

Во однос на тоа дали е можно решение со Бугарија, Димитров вели дека ова во моментов е клучно прашање и влогот е голем и за нас, и за ЕУ. но и за Бугарија и за пријателството меѓу двете земји.

-Ќе биде природно за нашите соседи, кои се и членки на ЕУ да имаат најголем интерес од европска С Македонија, од успешна приказна во нивното соседство и сметам дека од оваа перспектива треба да пристапиме и да го ревитализираме ангажманот со Софија, рече Димитров.

Според Димитров, иако сега таму има техничка Влада, нови избори на 11 јули, но и претседателски избори наесен, како и избори во разни земји членки, не треба да се изгуби моментумот и да се чека.

-Мислам дека после сето ова немаме луксуз да кажеме дека ќе чекаме. Треба да се обидеме да го зграпчиме, моментот, да најдеме начин да ги надминеме пречките, и јас ова го гледам како „вин-вин-вин“, или „луз-луз-луз“, сценарио. Немаме сценарио каде Бугарија ќе добие, а ние ќе изгубиме, или и двете сме добитнички, или двете губитнички. И Европската Унија е во истата кошница со нас. Се обидовме со еврокомесарот Вархеји, претходно со германското претседателство, сега е португалското претседателство, и сметам дека имаме можност да го вратиме моментумот на европската идеја на Балканот и не смееме да го изгубиме тој моментум, истакна Димитров.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера изјави дека веќе упатил писмо со честитка до новиот шеф на бугарската дипломатија во привремената влада Светлан Стоев и очекува состаноци, вели, оваа недела во насока на одржување на Меѓувладината комисија и за отворање пат за преговори.

Тој смета дека единствениот начин да се нормализираат односите, да се продолжи заедничката соработка е да продолжиме да рабоите во рамки на инструментите што ги предвидува Договорот за добрососедство, а Меѓувладината комисија, е вели, најважниот инструмент кој што објективно ја проценува динамиката на имплементацијата и тоа не остава простор за субјективно толкување на динамиката.

-Затоа мислам дека е важно да се направи таа комуникација и што побрзо да се свика меѓувладината комисија, бидејќи таа ќе даде дополнителна динамика на соработка. Очекувам да има одредени состаноци, важни иницијативи во текот на оваа недела. Не би влегувал повеќе по однос на тоа прашање, но се надевам. Ние важно сме спремни, посвететни да се ангажираме во овој процес, затоа што шансата за јуни е неповторлива, затоа што и другите циклуси на состаноци на ЕУ се поограничени и покомплицирани поради многу околности – домашни, регионални, европски. И мислам дека треба да ги направиме сите напори за да постигнеме одредена согласност за утврдување на датум за јуни, оваа година, рече Османи.

Тој го повтори ставот дека е можно решение со Бугарија и со техничката Влада и оти се надева дека токму комуникацијата и дипломатските обиди со новата влада во Софија оваа недела може да даде резултати. -Ние не смееме да застанеме.Треба да работиме за јуни со сите капацитети што ги имаме, да ја мобилизираме целокупната поддршка која можеме да ја добиеме за јуни оваа година. Техничката влада може да донесе такво решение, рече Османи.

Османи и Димитров, се едногласни дека С Македонија и Албанија ги исполнија критериумите и треба да ги почнат преговорите без одлагање. Не сме против Тирана да ги започне преговорите, вели Османи,туку дека како што вели, Северна Македонија не смее да не ги започне.

Еврокомесарот Вархеји, пак, на прашање дали смета дека ако нема договор за Скопје и Тирана, барем Албанија да започне со преговори, дали е подобро еден отколку ниеден и дали има согласност во Комисијата за ова прашање, Вархеји одговори дека добра вест е што земјите-членки сакаат да ги почнат првите меѓувладини конференции со двете земји.

-Ова е позитивен развој на настаните кој е основа на која сме подготвени да работиме. Се уште имаме неколку седмици пред нас и се надевам дека во јуни ќе имаме договор за двете земји за отпочнување на првата меѓувладина конференција. Но за тоа ќе треба сите земји-членки да се согласат. Тоа е таков процес и работиме на тоа да ја обезбедиме поддршката од сите земји-членки за двете земји, рече Вархеји.

Во однос на неговата изјава за разделување на Скопје и Тирана, Вархеји рече дека „тоа е констатација на она што е веќе очигледно“.

Од бугарското Министерство за надворешни работи, истакнаа дека Бугарија останува  отворена за отворен дијалог и соработка со Република Северна Македонија, но, како што наведува во официјална изјава, сите состаноци мора да се одржат под одредени услови.

Во изјавата е наведено дека „Република Северна Македонија предложи телефонски разговор меѓу двајцата министри за надворешни работи и тоа ќе се реализира веднаш штом ќе дозволи распоредот на министерот Стоев“.

-Бугарија отсекогаш била и останува отворена за отворен дијалог и соработка со Република Северна Македонија. Меѓувладин состанок може да се одржи кога ќе бидат исполнети потребните предуслови и услови.Одржување состанок во таков формат мора да биде полн со содржина. Во оваа смисла, потсетуваме дека годишниот извештај за работата на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања треба да биде усвоен на претстојниот меѓувладин состанок. Ја користиме приликата да потсетиме дека министерот Стоев  при стапување на должност рече дека бугарската страна останува отворена за дијалог, а привремената влада не е овластена да ја менува рамковната позиција на Бугарија, што беше усвоено со консензус од сите политички сили во Парламентот, се потенцира во изјавата на бугарското Министерство за надворешни работи.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Министерството за финасии подготвува дополнителни производи преку Развојната банка за да се намали увозот, најави Димитриеска Кочоска

June 4, 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир

June 4, 2025
Фото: МВР

При претреси во Скопје пронајдени дрога, оружје и муниција

June 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Популарната теорија за судбината на нашата галаксија можеби е погрешна, велат астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk