ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Законот за легализација на дивоградби може да реши 50.000 проблеми

May 17, 2021 19:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека бројката од околу 50.000 дивоградби што би биле опфатени со новиот закон за легализација, што не беше потпишан од претседателот на државата и се враќа повторно во собраниска процедура, е според проценките на општините. Точната бројка ќе се знае доколку законот повторно биде донесен и откако ќе се поднесат барања за легализација. На располагање сме, вели Бочварски, за подобрување на законот.

-Општините имаат најдобра анализа,  тие имаат ингеренции во делот на урбанизацијата и планирањето во своите матични општини.Ние разговаравме со  повеќе од општините во дел на тоа какви сознанија имаат во аспектот  на досега нерешени и одбиени предмети по првиот закон за бесправно изградени објекти и секкао некаква нивна проценка. Затоа реков за општините од среден тип генерално бројките се движат околу две до три илјади бесправно изградени објекти со коишто  располагаат. Секако дека тоа е некаква состојба на  бесправно изградени објкети, преку 50.000 во државата во моментот, а досега запишани во Катастарот по првиот закон се околу 260.000 објекти. Доколку се донесе ваков закон ќе видиме колку барања ќе бидат поднесени и тоа ќе биде најточниот аргумент и доказ колку се тие објекти на број, рече Бочварски.

Законот, истакна, може да реши 50 000 проблеми.

Во државата постојат одредени проблеми во секоја сфера, па и во оваа и тука владата е најповикана. Овој закон е предложен во 2019 година во Собранието и оттогаш стои во одредена собраниска процедура. Разговарав со опозицијата уште пред неколку недели на оваа тема така што посакував овој закон да се донесе со поголемо мнозинство, зошто се работи за законско решение кое на некој начин навлегува во зоната на одредени други закони. Но, е закон кој може да реши 50 000 проблеми. Ако не се донесе ваков закон, е исто варијанта, но тогаш треба да се мисли што ќе се прави со тие објекти, вели министерот. Стоиме на располагање за подобрување на ова законско решение, бидејќи спротивното од ова, значи рушење на голем број станбени објекти, рече Бочварски, потенцирајќи дека е потребна поддршка од стручната фела за наоѓање решение за овој проблем

Next Post

Заев: Упатувам порака до нашиот сосед Бугарија да покаже европска големина, да продолжиме да градиме пријателство и да ја градиме историјата сега

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk