ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

ИФИМЕС: ЕУ исправена пред нова историска грешка?!

May 17, 2021 11:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), со седиште во Љубљана, Словенија, неодамна излезе со особено интересна анализа за актуелните случувања во македонската политика. Хронологијата која ја прави институтот, јасно покажува за преземените чекори во државна и општествено-политичка смисла по промената на власта во државата во 2017 година, но и го прави уште поинтригантно прашањето за нашата европска интеграција.

Чинот на решавање на проблеми, спротивно на нивното прикривање под тепих, кој стана препознатлив за македонското општество во изминатите четири години, доведе и до потпишувањето на Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија во 2018 година. Овој договор, првично наменет за нормализација на односите со источниот сосед, еден од двата наши соседи кои се земји членки на Европската Унија, претходеше на Договорот од Преспа. Како негов претходник, овој договор не навестуваше дека Бугарија од едно билатерално прашање, ќе успее да создаде критериум за отпочнување на претпристапните преговори со Унијата.

Бугарските барања и желби, како да земаа поголем замав во моментите откако нашата држава успеа да реализира некои значајни успеси – како што е зацртаната стратешка определба, полноправното членство во НАТО сојузот. Од друга страна, македонската дипломатија знаеше да бележи и друг успеси во меѓувреме, меѓу кои и претседателствувањето со ОБСЕ, кое и е овозможено на Северна Македонија за 2023 година. Успевајќи да ја зацврсти сопствената државност и позиција, нашата земја, истовремено, како да се соочуваше со нови нерационални предуслови за следните чекори напред. Наеднаш, политичарите од источната страна на македонската граница, како да почнаа да се преокупираат со македонските случувања и речиси немаше ден, до тамошните избори оваа пролет, изјава на македонскиот премиер, претседател, министер за надворешни работи, а некогаш и колумнист, да не биде пренесена и толкувана низ бугарските медиуми.

Во исто време, Унијата и Брисел како да не беа и како да не се доволно гласни по ова прашање. Македонските евроинтеграции, официјално започнаа во далечната 2004 година, кога како држава сме аплицирале за членство во Унијата. Следната година сме го и добиле кандидатскиот статус. Оттогаш, македонскиот пример секојдневно отрезнува и покажува дека и по цели 16 години, една земја кандидатка може да не е се удостои со почеток на претпристапните преговори, што е своевиден неславен рекорд. Недвојбено, македонскиот политички контекст и превирањата на домашната политичка сцена, испреплетени со режимски сценарија, придонесоа многу кон голготата на нашиот пат до Европа. Но, исто така, непобитен факт е дека како земја сме се соочиле со условувања и блокади, како никоја друга од сегашните 27 земји членки, а такво патешествие не доживеа дури ни екс членката, Велика Британија, на патот на нејзиното заминување од европското семејство.

Во тој контекст, ИФИМЕС преку својата опсежна анализа, сосема оправдано, ја изнесува дилемата дали Европската Унија е можеби повторно исправена пред нова, историска, (не)поправлива грешка во однос на аспирациите на Скопје за приклучување кон Брисел Берлин, Париз. Одбивањето или недоволната заинтересираност, конечно, да се даде зелено светло, македонските граѓани и општество да покажат дали и колку знаат и умеат во однос на бројните поглавја и преговарачкиот процес, едноставно повеќе немаат никаква фактичка заснованост.

Поставувањето на преговарачка маса прашања од калибарот на идентитетот, историјата и најмногу, јазикот на еден народ, се недозволиви и се косат со основните европски постулати. Доколку опстојуваме на тврдењето дека Унијата мора да го симболизира она европското, прогресивното, нејасно е зошто во македонскиот случај, упорно, се демонстрира спротивното. Нашата мала татковина одамна се има определено, со огромен консензус, за својата геополитичка определба, ама очигледно за интеграција, како и за љубов, потребни се двајца и обострана волја.

Иван Дургутов

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Без вода ул. „1“ во Долно Лисиче

July 23, 2025
Скриншот

Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти

July 23, 2025

ОН соопшти дека израелските сили убиле над 1.000 баратели на помош во Газа од мај, додека состојбата со гладот се влошува

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk