ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Единството секогаш е база на победите на СДСМ

May 17, 2021 20:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Единството во СДСМ секогаш е основа и база на победите и на промените. Тоа го докажавме на 17 мај 2017 година, клучниот датум кога граѓаните се кренаа и дојдоа по промените, срушија режим, донесоа слобода и демократија, порача вечерва генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

-И тогаш бевме единствени и секако и денеска СДСМ е повеќе од единствен. Вчера на 26-от Конгрес на партијата испорачавме нова кадровска и нова програмска политика, но не може сите 809 делегати да имаат исто мислење по било кое прашање. Ние ги поткрепуваме и поттикнуваме дебатата, дискусијата и различното мислење и тоа се дел од новите политики – вклучувањето и отвореноста на СДСМ за луѓе кои не размислуваат исто како секој од нас. Сме имале различни ставови и во раководството по одредени прашања и постојано ја поттикнуваме дебатата за да изградиме исправни политики, на овој модерен, европски, разнолик СДСМ каков што денеска го имаме, рече Николовски во интервју за ТВ Сител.

Нагласи дека вчерашниот конгрес донел нови генерациски промени во СДСМ и додаде дека новите кадри и генерација на партијата треба да ги искористат искуствата од поранешното раководство и да испорачаат резултат, проекти и идеи кои од нив ги очекуваат граѓаните.

-Вчера имаше и дебата и дискусија, но и огромно единство при носењето на сите одлуки, рече Николовски.

Прашан дали промените во партијата значат и промени во владиниот состав, рече дека тоа треба да го каже премиерот, но додаде дека не смета оти се потребни промени по само 8,5 месеци.

Во пресрет на локалните избори, како што кажа, се следи работата на актуелните градоначалници од СДСМ и се мотивираат да ги завршат започнатите проекти.

-На локалните избори мора да имаме чесна понуда, одговорни кадри што ќе бидат најдобри на анкетите. Кон крајот на месецов ќе преминеме и на штапска работа, ќе биде избран централниот изборен штаб и ќе започне постапката за евидентирање и предлагање кандидати за советници и градоначалници. Ќе ги искористиме сите модерни алатки кои ги направивме и имплементиравме во овој период, ќе им овозможиме на сите членови да гласаат и ќе направиме истражување што мислат граѓаните. Верувам дека освежувањето со две третини нови членови во Централниот одбор и со новите луѓе  на клучните позиции на партијата ќе продолжи и во изборот на кандидати. Сепак, оние што се докажале и испорачале резултати ќе имаат можност повторно да се кандидираат, рече Николовски.

извор: МИА
Next Post

Процесот „Брдо-Бриони“: Пораки за европска интеграција на Балканот

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk