СДСМ уште еднаш покажа силно, одлучно, одговорно и државничко однесување, покажа дека е локомотива на напредокот во државата. Темелот на новата политика, промените и новата енергија се обезбедени. Заев најави ново поглавје, Битиќи, Филипче, Царовска и Спасовски потпретседатели на СДСМ.
Денеска ја завршив мојата граѓанска, но и лична должност и одговорност – се вакцинирав овде, во Вакционалниот пункт во Куманово. Тоа е граѓанска одговорност на секој граѓанин, имајќи предвид со што се соочивме со пандемијата со ковид-19. Навистина, само вакцинцијата и имунизацијата на населението може да помогне да ја победиме оваа болест“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по примањето на вакцината против ковид-19.
Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет, напиша Претседателот на Фесјбук. Сите треба да ги уживаат основните човекови права и не смее да има исклучоци по ниту еден основ. Како општество за жал не сме имуни на предрасуди, стигматизација и говор на омраза кон лицата кои се дел од ЛГБТИ заедницата, вели Претседателот.
Министерството за транспорт и врски ги отфрла сите невистинити информации и шпекулации искажани на денешната прес конференција од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Мораме да потенцираме дека во ниту еден случај не се точни тврдењата искажани на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на јавните набавки за изградба на канализационен систем во Индустриската зона Визбегово како и во Арачиново, велат тие.
Бројот на новозаболени од Ковид-19 во државата е во благо опаѓање. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 62 случаја, од 2.557 тестирања. Во меѓувреме, продолжува процесот на имунизацијата. Почна вакцинација и на пациентите со дијализа и трансплантација, а надлежните порачуваат дека најлесен начин за вакцинирање е преку пријавување на веб-страницата „www.vakcinacija.mk“.
Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), со седиште во Љубљана, Словенија, неодамна излезе со особено интересна анализа за актуелните случувања во македонската политика. Бугарските барања и желби, како да земаа поголем замав во моментите откако нашата држава успеа да реализира некои значајни успеси – како што е зацртаната стратешка определба, полноправното членство во НАТО сојузот. ИФИМЕС преку својата опсежна анализа, сосема оправдано, ја изнесува дилемата дали Европската Унија е можеби повторно исправена пред нова, историска, (не)поправлива грешка во однос на аспирациите на Скопје за приклучување кон Брисел Берлин, Париз, пишува ИВАН ДУРГУТОВ.
Репортери без граници (РСФ) во неделата поднесоа претставка пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) по израелските напади врз просториите во кои се сместени медиуми во Газа, сметајќи дека тие можат да бидат третирани како „воени злосторства“.
М. Миткоска





