Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет, напиша Претседателот на Фесјбук.
„Сите треба да ги уживаат основните човекови права и не смее да има исклучоци по ниту еден основ. Како општество за жал не сме имуни на предрасуди, стигматизација и говор на омраза кон лицата кои се дел од ЛГБТИ заедницата“, вели Претседателот.
– Денеска но и секој следен ден, институционално, но и како поединци да придонесеме кон зголемување на свеста за прифаќање на различноста и почитување на правото на избор, додаде тој.