ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Премиерот Заев: Инвестицијата на „М6 Аграр“ и „Тиквеш“ во нови лозови насади на 120 хектари создава услови и за производство на квалитетни македонски вина за освојување на светските пазари

May 17, 2021 13:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија на покана на компанијата „М6 Аграр“ и Винарската визба „Тиквеш“, денеска присуствуваше на промоцијата на новата инвестиција на овие компании кои се дел од Групацијата М6.

На  настанот, на кој покрај менаџерите од овие компании, присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, беше поздравено што во услови на криза предизвикана од пандемијата од КОВИД-19, „М6 Аграр“ и Винарската визба „Тиквеш“ преку групацијата М6 продолжија со инвестицискиот циклус во нови лозови насади на површина од 120 хектари, на локацијата Бабуна, во близината на Велес.

Најновата инвестиција на „М6 Аграр“ за унапредување на квалитетот на вината на ВВ „Тиквеш“ е вредна речиси 2,5 милиони евра, а дел од средствата се обезбедени со поддршка на ИПАРД програмата.

„Оваа инвестиција ги потврдува неисцрпните можности на македонското сонце и земја за развој на земјоделството, особено за развој и експанзија на нашето грозје, како и за производство на квалитетни вина. Инвестицијата во нови лозови насади нема да придонесе само за унапредување на квалитетот на вината на „Тиквеш“, туку ќе создаде услови и за производство за поголеми количини за освојување на светските пазари. Со овој нов потенцијал, Винарската визба „Тиквеш“ со долгогодишната традиција на производството на врвни вина, со присуство на над 25 пазари ширум светот и освоени 130 високи награди на реномирани светски вински натпревари само минатата година, претставува најголем промотор на македонските вина на светската винска сцена. Многу е важно што оваа инвестиција ќе придонесе за понатамошно градење на имиџот на земјата како производител на високо квалитетни вина и за етаблирање на македонската винска индустрија“ нагласи претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев на настанот.

Новите лозови насади на локацијата Бабуна се дел од повеќегодишна инвестициска програма за унапредување на квалитетот на вината на ВВ „Тиквеш“, во чии рамки досега се инвестирани над 5 милиони евра во подигнување на нови лозови насади и модерна механизација.

„Навистина е многу убаво чувството кога сме сведоци на нечиј развој. Јас сум истовремено и горд, бидејќи ова е заеднички успех како потврда на добрата политика на Владата и добрата соработка помеѓу институциите и приватниот сектор. Преку многу вакви примери, ние застанавме на лидерското место помеѓу земјите кориснички на ИПАРД во однос на степенот на искористеност на ИПАРД 2. Како резултат на добрата искористеност на средствата од Програмата, за прв пат во историјата, две години по ред 2019 и 2020 година, а сега и во 2021 година, Република Северна Македонија нема да враќа неискористени средства од Програмата“, истакна Аријанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Инвестицискиот план за подигнување нови лозови насади предвидува во текот на 2022 година да се вложат дополнителни 3,3 милиони евра и да биде опфатена површина од нови 180 хектари, а овој тип инвестиции во земјоделството ги задоволуваат сите критериуми за поддршка од ИПАРД програмата за развој на аграрот и руралниот развој.

„До денеска, преку ИПАРД 2 инструментот склучени се 1.723 договори со вкупна поддршка од 51 милиони евра.  Агенцијата беше и ќе продолжи да биде најголем партнер на земјоделците и компаниите и двигател на растот и развојот на земјоделското производство и руралниот развој. Признание дека сме на добар пат и дека сме лидери во искористеност на средствата во регионот добивме и од „ДГ Агри“ на ЕУ, а веќе во ИПАРД 3 програмата која треба да ја започне со имплементација во 2022 година очекуваме многу поголем Буџет од оној кој го имавме во претходниот период“, изјави Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Во своето обраќање на настанот претседателот на управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ и партнер во Групацијата М6, Светозар Јаневски говореше за јасната визија за создавање врвни вина и развој на винска индустрија.

„И во овие услови на пандемија компанијата продолжи со инвестициите во нови лозови насади, модерна технологија и развој на човечките ресурси за понатамошно унапредување на квалитетот на вината на „Тиквеш“, нивно позиционирање на странските пазари и поголема промоција на македонските вина воопшто. Задоволни сме и благодарни за поддршката што ја обезбедуваат Владата, ресорното министерство и ЕУ фондовите за овој сектор, а во тие рамки и за „Тиквеш“ како двигател на развојот на македонската винска индустрија“, истакна претседателот на управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ и партнер во Групацијата М6, Светозар Јаневски.

Next Post

Учи паметно, работи стручно: промоција на средно стручно образование во Прилеп

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

Украина испрати специјални сили да ги протераат Русите од Покровск

November 1, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk