ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Учи паметно, работи стручно: промоција на средно стручно образование во Прилеп

May 17, 2021 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилепските средни стручни училишта денес ги отворија вратите за идните средношколци, со цел нивно запознавање со придобивките и можностите кои ги нуди стручното образование. Активностите се дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука која се спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје и преку која во рамки на првата фаза се водеше интензивен дијалог со општините и компаниите за дефинирање на потребите од отворање на нови образовни профили и паралелки согласно состојбите на пазарот на трудот на локално ниво.

„Ѓорче Петров“, „Орде Чопела“, „Ристе Ристески – Ричко“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ согласно конкурсот за упис во средно образование во учебната 2021/2022 година имаат на располагање вкупно 1059 слободни места со кои треба да се оформат 33 паралелки. Учениците можат да оберат една од понудените струки – машинска, електротехничка, сообраќајна, графичка струка, економско – правна и трговска струка, лични услуги, здравствена, хемиско – технолошка струка, градежно – геодетска, земјоделско – ветеринарна, геолошко  – рударска и металуршка струка, шумарско – дрвопреработувачка струка и текстилно – кожарска струка.

Во поголемиот дел од струките е воведен концептот на дуално образование, кој се спроведува во партнерство на училиштата со локални компании и кој подразбира повеќе практична настава за учениците директно на работно место, а помалку изучување теорија, што пак, овозможува стекнување на квалитетни и потребни вештини за обезбедување на соодветен работен ангажман веднаш по формализација на средното образование, но и добра основа за понатамошна високообразовна надградба.

Како дополнителна стимулација за идните средношколци да го одбираат стручното образование, покрај воведувањето на концептот на дуално образование кој е доста интересен за младите, од оваа година МОН ја менува и политиката за стипендирање на средношколците.

Имено, сите ученици кои ќе се запишат во средно стручно училиште имаат можност да аплицираат за стипендија и тоа во вредност од 3500 денари за 9 месеци во годината, доколку ученикот е дел од дуална паралелка, односно 2200 денари за 9 месеци во годината, доколку ученикот е запишан во струка која е дефицитарна, како угостителско – туристичка струка, машинска, електротехничка и други дефинирани со конкурсот кој ќе биде објавен вообичаено во третиот квартал од календарската година.

 

Next Post

Непречено се спроведува масовната вакцинација во Куманово

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk