ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Со вакцинацијата, како лична и граѓанска одговорност, си помагаме себеси, но и на општеството

May 17, 2021 10:00
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Денеска ја завршив мојата граѓанска, но и лична должност и одговорност – се вакцинирав овде, во Вакционалниот пункт во Куманово. Тоа е граѓанска одговорност на секој граѓанин, имајќи  предвид со што се соочивме со пандемијата со ковид-19. Навистина, само вакцинцијата и имунизацијата на населението може да помогне да ја победиме оваа болест“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по примањето на вакцината против ковид-19 денеска во Куманово.

Министерот Спасовски изрази задоволството што граѓаните на Куманово имаат добра пријавеност за вакцинирање, а над 10% од населението на градот веќе е имунизирано, што на дело ја покажува одговорноста како град во однос на процесот на имунизација. Во однос на вакцините, министерот Спасовски истакна дека без разлика која вакцина ја примаме, имунизацијата е единствен начин да се спречат тешки форми на ковид-19 и фатални последици.

„Сите вакцини се проверени, безбедни и добро е што  во последно време имаме генерално голем број на граѓани кои изразија желба да се вакцинираат, па уште еднаш апелирам до сите да се пријават на Вакцинација.мк, каде ќе добијат термин и да ја завршат и личната и граѓанската одговорност. На тој начин си помагаме себеси, но и на нашите семејства и заедницата“, посочи Спасовски, додавајќи дека вакцинацијата не е крај на борбата против ковид-19, а посебно во периодот после вакцинирањето треба да се внимава и особено да се почитуваат мерките за заштита, како што е носење на заштитни маски, одржување на растојание и, генерално, мерките коишто ги пропишува Владата.

„Сакам посебно да се заблагодарам на сите лекари, медицински сестри на целиот медицински персонал за борбата против ковид-19 во изминатиот период, на сите здравствени работници  кои што учествуваат во имунизација на населението, а посебно сакам да се заблагодарам на сите коишто учествуваат во организацијата токму на овој вакцинален пункт, тука, во Куманово. Очекувам дека и понатаму сите заедно ќе придонесеме за да конечно ставиме крај на ковид-19 и да се вратиме на нормалното живеење“, порача министерот Спасовски.

Next Post

Пендаровски: Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет

НАЈНОВО

Скриншот

Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

November 5, 2025

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk