„Ние секогаш сме имале внатрешен критички осврт во СДСМ. Тоа не одржува како победници. Доколку го немаме внатрешниот критички осврт и отвореност во дискусијата, нема да може да ја задржиме довербата кај граѓаните до крај“ истакна премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето во Дненивкот на МТВ.
„Радила Шеќеринска самата го најави нејзиното повлекување, бидејќи смената на генерациите е здрава. СДСМ победува, но и се менува. Во СДСМ се случува нормална смена на генерации, дел од која ќе биде и мојата позиција, бидејќи најавив дека ќе бидам премиер само два мандата. Луѓето кои веќе не се партиски функционери сработија многу и тие се уште имаат државни позиции, имаат што да работат уште. Ние секако треба да го шириме кругот на активните луѓе“ истакна Заев.
Тој додаде дека промените даваат нова енергија, која што е потребна на сите, а дека досегашните високи партиски функционерии, кои сега не се дел од новото раководство ќе продолжат да работат за државата.
„Постојано имаме новини, дали преттседателот го бираат сите членови, дали вградуваме жени и млади во партијата. Сето тоа е наша обврска пред граѓаните на кои што им служиме. Јасни се коментарите на Радмила, има таа уште многу што да каже за својата земја и за партијата“ истакна Заев.







