ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Мијалков ќе се брани од слобода, најавени 500.000 „Синовак“ и 100.000 „Фајзер“ вакцини, да се дозволат и свадби по протокол, владата ќе го разгледува случајот со токсичните деривати

May 19, 2021 17:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прифати понудената гаранција од 10 милиони евра за бранење од слобода на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков кој е во притвор.

Маските треба да продолжат да се носат и понатаму и сè уште е рано да се тргнат како мерка. Угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, а по подолго време треба да се дозволат свадби со протоколи во однос на пополнетост на капацитети во надворешни услови, а не и внатре, вели министерот Филипче. Додаде дека последната најава преку Kинеската амбасада вчера и денеска е дека 500.000 вакцини од „Синовак“ треба да стигнат на почетокот на следниот месец, а во јуни, се очекуваат 100.000 вакцини „Фајзер“ преку Ковакс системот.

По извештаите, кои ќе ги достават задолжените институции, кои имаат рок од две недели да утврдат секоја во својата надлежност во врска со информацијата објавена од Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, ќе се знаат следните чекори кои ќе бидат преземени. Апсолутно ќе има одговорност и Владата е одлучна да го истражи случајот. Ова го изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Европа чувствува дека мора да направи исчекор за Северна Македонија, доминантно заради Северна Македонија којашто чека 16 години, која има преку дваесетина вета и навистина е на врвот со извршување на реформите, потврдено во сите извештаи и сме модел на европски начин на решавање на проблемите. На крајот треба Европа да испорача само пола чекор, затоа што ние имаме одлука за почеток на преговорите, не е за поглавјата туку е за првата Меѓувладина конференција, вели Премиерот Заев.

Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби се враќа во Собранието на трето читање, а во овој меѓу период од 30 дена, Владата очекува широка дебата, со која ќе се искристализираат позициите на сите засегнати и ќе се пронајде оптимално решение. Портпаролот Арсовски верува дека ќе се најде решение прифатливо за сите.

Директорот на Царинската управа, Горан Сугарески објави дека во однос на 2020 година, за околу 18 проценти е зголемена реализацијата на приходите по основ на царина, ДДВ при увоз, акцизи и надоместоци.

М. Миткоска

Next Post

Филипче: Матичните лекари се клучна алка во синџирот за јавното здравје

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk