Во рамки на Виенскиот Економски Форум, премиерот Зоран Заев на второто обраќање зборуваше за условите и поддршката на странските инвеститори во земјава како и за проектите со фокус на енергетика, инфраструктура, гасификација кои се дел од Единствениот список на проекти усвоени од Владата на Република Северна Македонија, како приоритетни за искористување на предвидените средства од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.
Виенскиот економски форум е исклучително успешен и ја остварува својата мисија да биде точка за унапредување на регионалната економска соработка на земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа. Особено е важно што форумот на најкреативен и инспиративен начин ги поврзува политиките на владите од регионот и нивните амбиции и заложби помеѓу претставниците на бизнис заедниците, на земјите од овој дел на Европа, истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Виенскиот економски форум, посветен на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.
Матичните лекари не се важни само за здравјeто на поединците, туку и за здравјето на целата заедница. Тие се клучна алка во синџирот за јавното здравје, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук по повод 19 мај – Светскиот ден на матичните лекари.
Ризикот од финансиска нестабилност ќе се зголеми во еврозоната по крајот на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, предупреди Европската централна банка (ЕЦБ).