„Внимателно го следиме тоа што се случува со независните листи во Охрид и не не остава рамнодушни дека поранешни високи партиски функционери прават независна листа. Би било погубно за структури кои имале високи партиски функции да го гледаат само личниот интерес, наспроти победите и развојот на СДСМ. Доколку е така и самиот електорат и граѓаните ќе го препознаат тоа“ кажа заменичката претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска во нејзиното гостување во „24 анализа“
Таа додаде дека партиското раководство ќе разговара со незадоволните за да се види каде се разидуваат патиштата со СДСМ.
„Во СДСМ не постојат фракции, постои само СДСМ. Може да имаме за одредени прашање различни мислење, но нема едно или друго крило, постои само крилото СДСМ. Тоа го докажавме и со гласањето на последниот конгрес. Да имаше крила ќе имаше и тесен резултат“ потенцираше Лукаревска.
Директорката на УЈП додаде дека не верува дека Бранко Црвенковски би си дозволил да направи нешто на политичката сцена што ќе претставува ривалитет на СДСМ.







