ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев во Утрински брифинг: СДСМ се менува, се подмладува и тоа носи прогресивност, тоа носи енергија во работата

May 20, 2021 10:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ се менува, се подмладува и мислиме дека тоа носи прогресивност, тоа носи енергија во работата, не дозволуваме да се замрзнеме односно да се оддалечиме од реалноста со тоа што сме со чест и одговорност да ја водиме извршната власт и затоа вака динамични и кадровски и политички нови се случуваат во СДСМ, изјави утрово претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Во гостување во емисијата „Утрински брифинг“, Заев зборуваше за промените во партијата кои доаѓаат по 26. Изборен Конгрес како и за дел од досегашните успеси на Владата што ја предводи СДСМ.

– Точно, ние имаме 37,5 отсто млади во Централниот одбор, имаме 60 жени, 60 мажи или застапеност 50-50, тоа се многу важни за нас социјалдемократски вредности, како и користењето на сите можни капацитети во државата, рече Заев.

Во однос на прашањето околу возраста на новиот Централен и Извршен одбор и паралелите со првиот претседател на државата Киро Глигоров, тој посочи дека младоста не секогаш значи и отсуство на искуство.

– Го спомнавте поранешниот претседател Киро Глигоров, не знам дали знаете тој на свои 27 години е секретар на иницијативниот одбор на АСНОМ и ја има една од многу важните задачи ја води записникот од одлуките кои што се донесени во АСНОМ, тој е нашиот прв делегат во АВНОЈ на свои 27 години и навистина гледавме еве каква кариера стигна. Ова се само паралели, еве како пример ќе го земам вториот човек во СДСМ сега, тоа е Сања Лукаревска, 20 години или пола работен век од 40 години толку е во СДСМ во некои органи на управување, на раководење. Генерално, професионалните општествените или експертски ставови се градат во сите 20-тина комисии кои што се помошни тела на ИО и на ЦО на СДСМ. Покрај тоа што ги имаме сите стручни комисии, тие се и целосно отворени, односно не мора да се биде член на СДСМ да се биде претседател или член на одредена комисија и ние имаме сериозни општественици кои членуваат во некоја од комисиите или помагаат во работата на комисиите, истакна Заев.

Во интервјуто, тој се осврна и на досегашните успеси на СДСМ во изминатите четири години во кои ја предводи Владата и државните институции.

– Во овие последни четири години имаме сериозни државнички политики, новината меѓу другото не е само во слободата и демократијата, денеска меѓународно мислам дека сме пример, потврдени од сите, соработката и пиететот со кој што се зборува за Северна Македонија е врв на Балканот, имаме пријатели насекаде во светот, станавме членка на НАТО. Во делот на економијата денеска видливо поразлично се живее со тоа што парите се враќаат кон граѓаните, зборуваме за 300% зголемена социјална помош, за 60 отсто покачена плата минимална, сериозно покачена просечна плата, зборуваме за унапредени работнички права, зборуваме конечно за нешто што значи живот од секој можен аспект, потенцираше Заев.

Next Post

МЗ: Вчера се аплицирани 12.211 вакцини

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk