ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Дел од Малешевските планини потенцијално подрачје за Натура 2000 мрежата

May 21, 2021 13:33
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во присуство на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во Едукативниот центар во Пехчево денеска беше одбележан 21 мај – денот на Натура 2000, најголемата координирана мрежа на заштитени подрачја.

Нуредини истакна дека Mинистерството во соработка со Македонско еколошко друштво и национални експерти преку Програмата за зачувување на природата спроведува низа активности во Источно-планскиот регион поврзани со Натура 2000 процесот преку идентификација на живеалишта, растенија, животни и птици од европско значење.

Овој крај е познат по тоа што луѓето живеат во баланс со природата. Сметам дека токму заштитените подрачја можат да донеста бенефит на локалното население и да ги задржат младите на де се иселуават во странство. Ние како Министерство ќе продолжиме д работиме на развојни политики и програми и да спроведуваме активности за заштита и зачувување на природата. Тоа подразбира и хармонизирање на Националното законодавство со ЕУ директивите и регулативите особено со директивите за живеалишта и птици кои се однесуваат на Еколошката мрежа, Натура 2000, рече министерот за животна средина и просторно планирање.

Мрежата на Натура 2000 претставува еколошка мрежа на заштитени подрачја воспоставена во сите земји на Европската Унија, а амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Тејада, зборуваше за значењето на воспоставување на оваа мрежа на патот кон Еу, па оттаму според неа се наметнува и потребата и јавноста да биде информирана за истата.

-Важно е луѓето да живеат во хармонија со природата и околината. За наше добро и за доброто на младите генерации и нивната иднина, ние мораме да ја почитуваме, заштитуваме и зачувуваме природата што е можно повеќе и во исто време, да обезбедиме социјална и економска корист за локалното население. Тоа е можно само ако ги здружиме силите и ги посветиме нашите напори за здрава животна средина, подобар живот на граѓаните и посветла иднина на младите генерации, изјави Тејада.

Каја Шукова, претседател на управниот одбор на ПЗП истакна дека врз основа на научна проценка за присуство на живеалишта, растенија, животни и птици од европско значење, дел од Малешевските планини веќе е идентификувано како потенцијално подрачје за Натура 2000 мрежата.

-Тоа претставува додатна вредност „за природата и за луѓето“ и можност за заштита и зачувување на природата  одржлив развој на локалните заедници, изјави Шукова.

Градоначалникот на Пехчево Драган Тренчовски потенцираше дека настанот не случајно се организира токму на локлаитетот кој е одо осбено значење за значењето на Натура 2000 и локалниот развој.

-Се наоѓаме на неколку километри од локалитетот Еленско Блато и сливот на Пехчевска река кои се дел од предложеното подрачје за Натура 2000: Малешевските планини како ретки шумски тресетишта. Верувам дека Натура 2000 ќе придонесе кон промоција на природното богатство во Малешевијата, а истовремено ќе биде од корист, и за локалните жители кои ќе можатр да ги применуваат одржливите практики во земјоделството, шумарството но истовремено ќе се икористат и условите за развој не еко-туризмот и одржливо користење на природните ресурси, рече Тренчовски

Настанот го организира Министерството за животна средина и просторно планирање со поддрѓка на Програмата за зачувување на природата и е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка координиран од Фармахем.

извор: МИА

Next Post

СДСМ: Како партија на власт се залагаме за  деполитизирана и департизирана администрација

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk