ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нуредини за „Тан неа“: Интерконекторот е нераскинлив дел од нашата стратегија за диверзификација на изворите на природен гас

May 21, 2021 13:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За Република Северна Македонија, ова е нераскинлив дел од нашата стратегија за диверзификација на нашите извор на природен гас и понатамошно поврзување со други соседни земји, како што се Албанија, Србија и Косово, со цел да им испорачаме гас, вели министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија Насер Нуредини за интерконекторот со Грција, говорејќи за грчкиот весник „Та неа“,  јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот додава дека тоа, „неизбежно ќе има економски придобивки за двете земји“ и изразува увереност дека наскоро ќе се финализира.

-Задоволство ми е да кажам дека сме договорени на билатерално за овој многу важен проект за нас и сега чекаме одобрување од ЕУ. Со добрата соработка што ја имаме како соседни земји, остануваат само формалностите што треба да се исполнат, а во блиска иднина договорот ќе биде потпишан, вели Нуредини и додава дека штом ќе се заврши со тој дел, ќе може да започнеме изградбата.

Во интервјуто под наслов „Треба да соработуваме и за чистата енергија“, по неговото учество на Делфи економскиот форум во Атина, Нуредини објаснува дека нашата земја усвои севкупен план за енергетски и климатски пристап, се фокусира на оддалечување од употребата на лигнит за производство на електрична енергија и инвестира во обновливи извори на енергија, како што се фотоволтаиците и ветерниците.

Потенцира дека Северна Македонија е зависна од лигнитот, меѓутоа во иднина, гасот ќе биде основен фактор во нашата енергетска мешавина и додава дека „согласно нашата амбиција за климата, во голема мера инвестираме во обновливите извори на енергија“, нешто што го покренува прашањето за складирање.

-Во тој дел водородот станува многу ветувачка инвестиција. Може да помогне во складирањето енергија од обновливи извори на енергија што ги надминува потребите. Но, тоа исто така ќе помогне да се намалат трошоците за превоз. Многу сум среќен што ова прашање на Економскиот форум во Делфи, го покрена потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс. И уште посреќен сум што министерот за енергетика, Костас Скрекас, ја прифати идејата нашите земји да соработуваат и во ова прашање и со поддршка на ЕУ, дури и да станат центар за водород во иднина, истакна министерот за животна средина и просторно планирање.

Во однос на геополитичките предизвици во регионот, вели дека не гледа многу, бидејќи верува дека „регионот знае дека за дополнително да ги зајакнеме мрежите и да постигнеме почисто производство на енергија, императив е да соработуваме“.

– Некои земји ќе можат да произведуваат повеќе отколку што бараат нивните потреби, а други ќе мораат да увезуваат, затоа е важно да се стремиме кон меѓусебно поврзување на нашите енергетски линии, вели министерот Нуредини за „Та неа“.

Next Post

ГАК: Наодот за 33-годишната почината пациентка И.К. оди во прилог на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk