ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Петров: Стартап компаниите сочинуваат 50 проценти од портфолиото на ФИТР и иднината им припаѓа на нив

May 21, 2021 12:43
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Коста Петров. Фото: ФИТР

Коста Петров. Фото: ФИТР

Share on FacebookShare on Twitter

Анализите спроведени од страна на Стартап Македонија, под покровителство на Фонд за иновации и технолошки развој со која беа опфатени над 80 стартапи од Северна Македонија и повеќе од 29 организации за поддршка и инвеститори, денеска беа презентирани на онлајн платформата Зум на која како говорници присуствуваа директорот на ФИТР Коста Петров, Нина Николиќ од Стартап Македонија, претседателот на Асоцијацијата Стартап Македонија, Дејан Алексов и Игор Маџов, програмски директор на Стартап.

Според презентираните податоци, над 70 отсто од стартап компаниите во државата, во фазата на развој на бизнисот имаат потреба од дополнителни финансиски средства, што токму тогаш ја добиваат од Фондот.  Речиси 62,7 проценти од домашните стартапи апилицирале на повиците за кофинансирање, а 60 отсто од нив добиле финансиска помош од Фондот за иновации и технолошки развој.

Според спроведените истражувања, најзастапена индустрија е софтвер за претпријатија со 24 проценти, а најголем пораст бележи здравствената индустрија односно од 3 отсто во 2016 година со скок на 12 проценти во 2021год, на стартап компании кои започнуваат бизнис.

Анализата покажува дека кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и не е толку загрижувачка за стартапите и оргнизациите кои ги поддржуваат, напротив за време на пандемијата 40 осто стартапи имале можност за раст и развој на бизнисот,  додека еден од три стартапи имаат забележано негативен ефект.

Во однос на возраста, податоците покажуваат дека 45 отсто од стартапите се основани од лица од 28 до 35 години. Во Северна Македонија, еден од три стартапи е основан од страна на жена (66.6 проценти), податок кој бележи голем прогрес.

-Истражувањето е од големо значење за државата бидејќи главната цел беше  да се мапира моменталната состојба на македонскиот стартап екосистем, да ги детектираме предизвиците со кои се соочуваат стартапите во фазите на развој, кои вештини им се потребни за напредок во бизнисот и на што треба да се фокусираат. Стартап компаниите сочинуваат над 50 проценти од портфолиото на ФИТР и верувам дека иднината им припаѓа токму на нив, истакна Петров во своето излагање.

Тој посочи дека во последните шест месеци Фондот има направено сериозни промени, преку формирање на Национален Стартап совет, со кој полесно се спроведува начинот за финансиска поддршка, нуди квалитетно менторирање, како и пристап до дополнителни средства од најуспешните банки.

-Стартапите се главен двигател во една економија и сигурен сум дека работејќи заедно, наскоро ќе ја позиционираме Северна Македонија како центар за стартапи и иновации во регионот, додава директорот на ФИТР.

Стартапите покажуваат изразени силни и слаби страни во некои области, според интервјуираните инвеститори и организации, тие се во добра фаза на развој на производ, но недостасува суштинско знаење и вештини за да напредуваат во подоцнежните фази.

На презентацијата беше заклучено дека соработката помеѓу стартапите и организациите кои ги поддржуваат бележи значително подобрување и треба да се задржи, бидејќи пред три години 50 отсто од нив се соочувале со недостаток на соработка, а денес се помалку од 15 проценти.

-Фрагментираност на стартап екосистемот беше една од најголемите забелешки во истражувањето во 2017 година. Сега слободно можам да кажам дека ова се надминува, бидејки е зголемена комуникацијата и размената на информации помеѓу чинителите. Се бележи значителен развој во делот на понуди за поддршка на стартап компаниите, a за во иднина треба да се работи на подобрување и на законската регулатива која ќе олесни водење на бизнис од тука, истакна Алексов.

Заклучоците од спроведеното истражување резултираат со тоа дека стартапите треба да се фокусираат кон усовршување на продажните вештини, со цел да ги зголемат приходите, да бидат подготвени за инвестиција, односно да го надградат знаењето за тоа како да го зголемат својот бизнис.

Говорниците истакнаа дека од друга страна, потребно е поголемо учество на големите корпорации, бидејќи, како што велат,  тие можат да го зголемат нивото на „know-how”, имаат подостапни мрежи и поголем капитал во екосистемот.

На 28 мај најавен е Стартап Самит, во организација на Стартап Македонија под покровителство на ФИТР, на кој ќе се идентификуваат и можностите за остварување на подовра соработка помеѓу стартапите и клучните страни на екосистемот.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

СДСМ ги повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за Кочани: Да покажеме човечност и грижа

May 11, 2025

Зеленски: Добар знак е што Русите конечно почнале да размислуваат за прекин на војната, но првиот чекор е прекин на огнот од 12 мај

May 11, 2025
Фото: ЕПА / МИА

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk