ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Склучен нов Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Комисијата за хартии од вредност

May 21, 2021 10:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансиската стабилност е заеднички приоритет, но и обврска на финансиските регулатори и во изминатиот период се потврди дека унапредената соработка меѓу регулаторите и новиот формат на Комитетот за финансиска стабилност, во којшто се вклучени сите финансиски регулатори, придонесува за заедничката цел – финансиската стабилност, па затоа сето ова обврзува на натамошно унапредување на меѓусебната соработка, заради натамошно јакнење на финансискиот систем како носечки столб на економијата, порачаа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Нора Алити на состанокот на којшто е склучен нов Меморандум за соработка меѓу двете институции.

Како што соопшти НБ, со меморандумот значително се проширува досегашниот опфат на соработката и се операционализираат повеќе сегменти на содејствување на двете институции, за коишто во изминатиот неколкугодишен период се оцени дека е потребно заедничко вложување.

Меѓу другото, со документот се предвидува КХВ да доставува поголем сет податоци до Народната банка, коишто ќе се користат во анализите и согледувањата за финансиската стабилност, а предвидено е и кои податоци ќе ги споделува Народната банка со КХВ, во контекст на остварувањето на законските цели и задачи. Со ова значително се надминува претходниот опфат на податоци коишто ги разменуваа двете институции, со што податоците уште повеќе ќе придонесат за градење соодветни политики и носење соодветни одлуки, не само заради одржување на стабилноста, туку и за постојана модернизација на финансискиот сектор.

– Исто така, предвидена е размена на податоци меѓу двете институции во процесот на лиценцирање, како и заеднички контроли кај субјектите коишто се предмет на супервизија на Народната банка, односно на КХВ. Со одредбите на меморандумот во овој сегмент прецизно се операционализираат ваквите заеднички активности, од коишто резултатите би биле видливи како на среден, така и на долг рок, бидејќи и дополнително би придонесле за успешноста со којашто се остварува мандатот на двете институции. Секако, и со овој меморандум се задржува соработката за размена на податоци за статистички цели, имајќи ја предвид и важноста на статистиката во процесите на носењето одлуки, вклучително и од страна на реалниот сектор и инвеститорите, се наведува во соопштението.

Ангеловска-Бежоска и Алити, придружени од претставници на тимовите на двете институции, на средбата искажаа решеност за започнување со практичната примена на можностите што ги нуди новиот Меморандум за соработка, и тоа веднаш, заради натамошниот развој на економијата чиј стожер е финансискиот систем, оценувајќи дека досегашните значајни остварувања треба да бидат поттик за натамошните вакви заеднички залагања.

извор: МИА

Next Post

Деспотовски: Инвестираме 15 мил евра во инфраструктура, ќе помогнеме и во локален економски развој

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk