ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Стапи во сила примирјето меѓу Израел и Хамас

May 21, 2021 10:17
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Примирјето меѓу Израел и палестински Хамас во појасот Газа стапи во сила рано утрово во 2.00 часот по локално време.

Со тоа заврши единаесетдневниот вооружен судир во кој беа убиени повеќе од 240 лица, од кои повеќето во Газа, јави Би-Би-Си.

Палестинците излегоа на улиците во Газа непосредно по почетокот на примирјето, додека Хамас предупреди дека „прстите им се сè уште на чкрапалото“.

И Израел и Хамас прогласија победа.

За прекинот на огнот се огласи и американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека тоа е „одлична можност“ за напредок.

Израел вчера нападна објекти на Хамас во северна Газа повеќе од 100 пати, а палестинските сили возвратија со ракети.

Израелскиот политичко-безбедносен кабинет соопшти дека ја прифаќа препораката да се запрат вооружените судири.

– Политичките власти потенцираат дека ситуацијата на теренот ќе одлучи дали ќе има продолжување на конфликтот или не, додаде тој.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц преку Твитер порача дека офанзивата врз Газа донесе „невидени воени придобивки“.

Лидер на Хамас за светските агенции изјави дека примирјето што го најави Израел претставува „победа“ за палестинскиот народ и пораз на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Примирјето стапи во сила утрово во 2.00 часот по локално време, по што многу Палестинци излегоа на улиците во Газа, прославувајќи го крајот на конфликтот движејќи се во колони автомобили.

Од звучниците на џамиите можеше да се слушне дека тоа е „победа на отпорот постигнат над окупацијата за време на битката „Ерусалимски меч“.

Сепак, Басем Наим, од советот за меѓународни односи на Хамас, за Би-Би-Си изјави дека е скептичен во однос на должината на траењето на примирјето.

– Без правда за Палестинците, без запирање на израелската агресија и израелските злосторства врз нашиот народ во Ерусалим, примирјето ќе биде слабо, рече Наим.

Вооружениот конфликт почна пред 12 дена, по неколкудневни немири во источен Ерусалим и на Ридот на храмовите каде беше првото место на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците.

Израел смета дека му припаѓа и окупираниот источен дел на Ерусалим, каде што живеат Палестинци, кои го сметаат за главен град на нивната идна држава.

Судирите во тој дел од градот почнаа поради најавата дека некои палестински семејства ќе бидат иселени од нивните домови во тој дел на градот и ќе се населат Израелци.

Next Post

СДСМ: Димитроска-Кочоска нема морален, политички ниту стручен кредибилитет да зборува за енергетика

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk