ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Целосна поддршка на португалскиот предлог за решавање на спорот со Бугарија од министрите на Австрија, Чешка и Словенија

May 22, 2021 14:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната средба во Скопје со министерот за надворешни работи Бујар Османи, министрите за надворешни работи на Словенија Анже Логар, на Австрија Александер Шаленберг и на Чешка Јакуб Кулханек го поддржаа предлогот на португалското претседателство на ЕУ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Министрите на трите земји членки на ЕУ, после средбата истакнаа дека сега е време ЕУ да го испорача ветеното на Македонија.

За нас целосното членство на Северна Македонија и Албанија, но и сите земји на Блаканот е наш стратешки интерес. Тоа е наше непосредно соседство, во политичка, културна и економска смисла. Ние имаме половина милион граѓани во Австрија со семејно потекло од Западниот Балкан, па така имаме многу силни човечки врски меѓу нас, рече на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг.

Австрија, вели тој, беше горда што можеше да биде заедно со нас во Европската Комисија и што можеше да му помогне на регионот во механизмот за делење на вакцини со првата пратка на „Фајзер“, затоа што, како што рече, тоа е тоа што беше споменато „во случај на потреба, секогаш може да сметате на вашите партнери во ЕУ“.

– Нашата цел и целта на следното претседателство е да ве задржиме јасно на патот кон ЕУ. Се разбира, европското обединување не е целосно се додека сите земји од Западен Балкан не станат членка на ЕУ. Сите знаеме дека има важни билатерални прашања. Ние сметаме дека билтералните прашања не треба да го блокираат процесот на пристапување, но мислам дека сите се согласуваме дека мора да се справуваме со прашањата и затоа целосно ги поддржуваме напорите на португалското претседателство, заедно со министрите овде и во Софија и целосно ги поддржуваме напорите на следното словенечко претседателство кое ќе се одржи есента, многу важен самит за Западниот Балкан, рече Шаленберг.

Додаде дека не смее да се губи повеќе време и порача да се обидат 2021 година да не биде целосно изгубена.

На прашање дали се фрустрирани 16 години да ги испраќаат истите поддршки, Шаленберг нагласи дека нештата се во голема мерка променети.

– Нештата навистина се променети, затоа што сега зборуваме за конкретен датум за отворање на Меѓувладината конференција за започнување на преговорите. Така што, постои драматичен напредок. Ова е сега клучно време, клучен момент ве молам разберете дека не сакам да навлегувам во детали, ова е тековен процес но навистина го поддржувам се што како предлог го стави на маса португалското претседателство, рече Шаленберг, повикувајќи ги сите да намалат со емоциите и реториката, оти, како што рече, тоа нема да помогне.

На прес-конференцијата што се одржа во Министерството за надворешни работи во Скопје, се обратија и министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Словенија и Чешка, Бујар Османи, Анже Логар и Јакуб Кулханек.

Чешкиот министер Кулханек ја повтори чешката позиција дека билатералните спорови не треба да бидат пречка за евроинтергацискиот процес на земјата.

Словенечкиот министер Логар рече дека евроинтерграцијата на Западен Балкан во ЕУ ќе биде приоритет на словенечкото претседателство кое почнува од 1 јули.

Next Post

Разврска за титулата во Шпанија - Реал или Атлетико?

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk