Овој огромен пакет за кој се потребни четворица да го внесат во транспортното возило е, всушност компјутерски хард диск.
Капацитетот на овој хард диск е 5 мегабајти. Да, добро гледате, не е печатна грешка: пет мегабајти! Тежината на овој хард диск е речиси еден тон (1.000 килограми).
Фотографиите во овој прилог датираат од 1956 година и се од хард диск произведен од фабриката ИБМ. Тоа е историска година во развојот на компјутерската технологија, кога ИБМ го произведе технолошки револуционерниот 305 RAMAC Super Computer.
По 65 години, вообичаено е еден лаптоп да има капацитет од еден терабајт, што е двесте илјади повеќе отколку овој предок на денешните компјутери. За пропорциите и да не говориме.