ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Годишен концерт на КУД „Рацин“ Кичево, без учество на фолклорната група

May 24, 2021 13:23
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 25 мај, вторник со почеток во 19:30 часот на платото пред Центарот за култура во Кичево, КУД „Рацин“ ќе го одржи традиционалниот годишен концерт, кој годинава поради пандемијата со коронавирусот, ќе биде во нешто поизменета форма и само со учество на оркестарот и солисти на друштвото.

Додека фолклорната група поради истите причини нема да учествува на годишниот концерт,потврди Јован Митрески, раководител на оркестарот на Рацин.

-Бидејќи се уште во земјава е присутна пандемијата на коронавирусот, годишниот концерт на КУД „Рацин“ Кичево, ќе биде одржан во скратено издание со учество на оркестарот и вокални солисти од друштвото, додека фолклористите  нема да учествуваат на концертот. Оркестарот ќе се претстави со повеќе орски изведби од Касапско оро, Кичевско оро на гајда со солистот Дејан, сплетот Опа иха и други. Во рамките на концертот ќе настапат и Даниел Пејоски, кој ќе ги изведе песните Лено мори и За многу години македонци, додека вокалистката Маја Крстеска ќе се претстави со песните Моме оди за вода и Ангелино моме, потсети раководителот на оркестарот Јован Митрески.

Тој појасни дека концертот ќе се одржи на платото пред Центарот за култура на отворен простор, ако тоа го дозволи времето, во спротивно истиот ќе се одржи во големата сала од центарот според сите протоколи и со помал број присутни гледачи во салата.

Митрески додава дека доколку концертот се одржи на отворен простор, истиот треба да протекне со целосно почитување на протоколите, од одржување на меѓусебно растојание на присутните кои ќе го следат овој концерт, се до задолжително носење на заштитна маска и превентивна дезинфекција на рацете за сите присутни.

извор: МИА

Next Post

Значителен пад на бројот на новозаразени денес, регистрирани само 7 новозаболени

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk