ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Се сади новата реколта тутун, очекувањата се поголеми

May 24, 2021 10:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е расадувањето на тутунот од новата реколта и тутунарите ги засадуваат речиси истите количества.

Меѓу нив е и Николче Мирчески, тутунопроизводител од Беровци, Прилепско кој вели дека не се откажува од тутунот, но сака реално д абиде платен. Годинава е сушна.

-Садам околу 25 декари тутун, исто како лани. Очекуваме да биде подобро  годинава. И класата да биде подобра. Од тутунот не се откажувам, очекувам како лани производство од 4 до 5 тони. Времето е посушно од лани, сметам на подобар квалитет. Цената да биде над 200 денари за килограм, вели Мирчески.

За оваа година се склучени 27 650 договори со откупувачите за производство на 22 137 тони тутун. Според Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, количествата се незначително намалени и тутунарите остануваат со производството на оваа индустриска култура.

– Сега е во екот на садењето на новата реколта тутун. Планираното производство е нешто помало од ланското, но е солидно. Ако лани беа договорени 22 900 тони, сега се договорени 22 137 тони. Има благо намалување. Ако годинава биде сушна, може и помалку количества да се произведат. Лани поради дождовите се произведе повеќе и го имаше вишокот тутун, вели Стомнароски.

Стомнароски не сака да се навраќа на ланската катастрофална година, очекува постабилно  и поквалитетно производство кое треба да донесе повисока цена. За да не се повтори ланската реколта, се бара промена на правилникот за тутун и повисоки цени. Средба со Министерството и со откупните претпријатија од Сојузот очекуваат наредниот месец.

-Очекувам да имаме средби наредниот месец со Министерството за земјоделство, со откупувачите. Нашето барање за промена на правилникот за тутун е доставено до Министерството. Мора да се измени правилниот за да се стави крај на тоа ценење по шифри. Мора да се укинат дополнителните класи, тутунот да се цени во три класи и една збирна, како четврта класа во која ќе биде сиот друг квалитет. Има расположение за тоа. Со ковид-ситуацијата работите се одложени, но најавено е да имаме средба наредниот месец, вели Стомнароски.

Од платежната агенција најавија дека кон крајот на оваа недела ќе почне исплата на субвенциите, а тутунарите се уште не знаат како и кога ќе ја добијат помошта од петиот пакет економски мерки.

извор: МИА

Next Post

Заев е уверен дека европскиот дух на Пендаровски и Радев ќе даде поттик за исчекор напред во решавање на спорот

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk