Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на работна посета на Полска се сретна со својот домаќин, шефот на полската дипломатија Збигњев Рау. Посетата се случува во пресрет најунскиот самит, во контекст на засилениот ангажман за официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, како стратешка цел на земјата и императив за целиот регион.
Со прележување на болест се создаваат повеќе различни видови на антитела. Најголем дел од вакцините предизвикуваат создавање на само еден тип на антитела, за кои е докажано дека се исклучително ефикасни во справување со вирусот. Еднаш создадени по вакцинирање или прележување на болест, антителата не се разликуваат.
Првото целосно помрачување на Месечината ќе се совпадне со феноменот Супермесечина или „крвава“ месечина оваа година. Двата феномена ќе се случат во раните утрински часови на утрешниот ден и само среќните ќе можат да го проследат космичкото „шоу“ со голо око.
Владата на денешната 72 седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата од раскинување на Договорот од 28.2.2020 година за групна набавка и Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции од 11.8.2020 склучен со друштвото „Инвока гроуп“, ДООЕЛ-Скопје, информира владината Прес-служба.
Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на рокот за аплицирање за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година од 31 мај на 30 јуни 2021 година, со цел да се овозможи сите земјоделски стопанства да аплицираат за финансиска поддршка.
Премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил објави дека имал проштална средба со претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, на која му посакал успех и среќа во натамошната кариера.
Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа редовната 72-ра седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.