ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јанша за промените на граници на Балканот: Стратешка цел е регионот да стане дел од ЕУ

May 26, 2021 14:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, попладнево одржа прес конференција во Европскиот Парламент на која доби прашање за наводниот словенечки нон пејпер во кој се споменува промена на границите на западниот Балкан. Јанша нагласи дека членството на земјите од западен Балкан треба да биде стратешка цел за ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

За еден месец Словенија ќе го преземе кормилото на Европската Унија, денеска премиерот Јанша ги наброја приоритетите на неговата земја за време на претседавањето со ЕУ.

На новинарско прашање за наводниот словенечки нон пејпер кој циркулираше во Брисел пред неколку месеци, Јанша не кажа дали тој или неговата влада е автор на овој документ, но ја изложи словенечката позиција за ЕУ перспективата на западниот Балкан и проширувањето.

-Проширувањето на ЕУ е стратешки одговор за многу од тековните предизвици, рече словенечкиот премиер, кој одговараше на прашањата во Брисел преку видео врска од Љубљана.

За Словенија, кризите од последните години – економската, бегалската и здравствената, во ЕУ го симнаа проширувањето на дното на приоритетите, што остави простор за влијание од други големи сили на западниот Балкан и во други земји на истокот на ЕУ.

-Ако беше проширувањето повисоко во стратешките цели на ЕУ ќе бевме во подобра позиција, рече Јанша алудирајќи на ситуацијата во Белорусија меѓу другото и најави дека на шести октомври ќе се одржи и самит со лидерите од западен Балкан во Словенија за да се разговара директно со земјите на овие теми.

За словенечкиот премиер направени се неколку чекори во добар правец во однос на западниот Балкан, но не доволно и целта на словенечкото претседателство ќе биде да се оди напред со овој процес.

Што се однесува до промената на границите содржана во наводниот нон пејпер, Јанез Јанша изјави: -„Прашување како можеме да ги решиме проблемите околу границите, одговарам дека тоа е преку имање европска перспектива, ако дозволиме на некои земји да станат земји членки сите заедно во ЕУ, тие проблеми ќе исчезнат“.

Тој нагласи дека ова не може да се случи преку ноќ и дека за тоа е потребен консензус од сите земји на ЕУ.

Next Post

Во Велес паралелно се одвива масовната вакцинација со „Астра Зенека“ и ревакцинацијата на друг пункт со кинеската „Синофарм“

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk