ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дехран Муратов за Утрински брифинг: Ако сакаме да бидеме граѓани на Европа треба да се насочиме кон почитување на различностите

May 26, 2021 14:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Настанот е дел од проектот „Европски перспектви“ со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, а целта е промовирање и јакнење на јавната свест за европските вредности. Учесници на панел дискусијата, што почнува во 13 часот, се вицепремиерот Артан Груби, и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски. Темата е „Европски вредности: (не)возможна мисија“, а за тоа веројатно одговор ќе дадат самите панелисти. Ние сме тука да им кажеме дека сите оние работи за кои тие велат дека се возможни, за нив треба малку повеќе да се работи, не само декларативно, само да се кажат како изјава, а по завршување на настанот, сè уште да тапкаме во место“, изјави Дехран Муратов, активист и новинар од ЦИВИЛ во Утрински брифинг.

„Јас би рекол дека сум позитивниот пример за да можеме да кажеме дека постои возможна мисија-да успееш како Ром, да речеме, во неромски средини. Кај нас имаме перцепција да бидеме моноетнички. Имаме невладини организации само со Роми, имаме медиуми кои се само со една или друга етничка заедница. Затоа велам дека јас сум еден од ретките примери каде што работам во таква мултиетничка средина. Не работам во ромска средина, не работам само за ромските права, туку и за правата на ЛГБТИ заединцата, правата на жените, правата на Македонците, на Албанците, Турците, на сите… Има напредок. Тоа се гледа. Можеме да видиме една статистика, можеме да видиме дека постојано има перцепција дека сите Ромки се мажат на 12 до 15 години. Но, според статистиката поголем број жени Ромки завршуваат високо образование за разлика од мажите Роми. Верувам дека може да се постигне едно општество за сите, верувам дека можат да се постигнат европските вредности“, изјави Муратов, зборувајќи за сопствените искуства, од перспектива на личност што по етничка припадност е Ром, во контекст на концептите за кои ќе се зборува и на самиот настан на ЦИВИЛ.

„На панелот ќе се отвори и прашањето за Рамковниот договор и колку тој придонесува за едно општество за сите, дали тоа е само во однос на застапување на  етничка припадност или и квалитетот е пресуден. Дали ние 20 години имаме потреба само до етничка припадност. Дали сега, на некој начин, треба да се напушти тој концепт и приоритет да ни биде квалитетот, а потоа и етничката припадност, со оглед дека гледаме дека има манипулации. Ако сакаме да бидеме дел од Европа мора да го напуштиме по малку тој начин на етничка припадност и национализам и да се вратиме кон она што значи почитување на различностите, кон мултикултурализмот, пред сè почитување на квалитетот на човекот и неговата способност за работа, а не етничката припадност. Затоа велам дека јас можеби сум еден од ретките кого никој не го праша што сум кога одам да се вработам или барам работа“, истакна Муратов.

Б. Јордановска / ЦИВИЛ МЕДИА

 

Next Post

Алаѓозовски: Силно сме решени да им ставиме крај на поделбите, дискриминацијата, нееднаквоста и јазот во нашето општеството

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk