Јас во овој момент сум реалист и умерен оптимист. Разговарав со премиерот Зоран Заев, тој е таков по карактер, секојпат поголем оптимист од мене и од другите, државното раководство, кога ние ќе паднеме со духот тој не крева.
Сега имаме прозорец на можности. Имаме голема шанса уште во јуни да дојдеме до решение кое може да биде прифатено од сите засегнати страни. Работиме да постигнеме успех на 22 јуни оваа година во Советот на ЕУ. Цврсто сум убеден во тоа дека ако сега не испорачаме како ЕУ тогаш оваа динамика оваа доверба ќе биде изгубена, порача германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се обрати на пригодниот настан по повод 73 години од основањето на Сојузот на борците, како дел од серијата свечености со кои годинава го одбележуваме големиот јубилеј – 80 години од Народното востание.
Гледаме позитивен пат напред и задоволни сме од тековните разговори меѓу Северна Македонија и Бугарија за унапредување на членството на Северна Македонија во ЕУ, напиша на Твитер американската амбасадорка, Кејт Брнз.
Сите заедно направивме импресивен настан за Отворениот ден во склоп на кампањата на МОН за унапредување на стручното образование „Учи паметно, работи стручно“ и воведувањето на концептот на дуално образование- рече таа во своето обраќање пред присутните.
Премиерот Зоран Заев попладнево во Владата на Република Северна Македонија оствари средба со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот. На средбата е потврдена одличната билатерална соработка којашто ја имаат Германија и Северна Македонија во развојот на државата и посебно во делот на економијата.