ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

АМС ја одбележа 100-годишнината од животот и делото на Блаже Конески

May 27, 2021 17:17
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за млади и спорт (АМС), во делот на активности за млади, како и секоја години организираше конкурси за млади талентирани лица, оваа година на тема „100 години од животот и делото на Блаже Конески”.

По тој повод Агенцијата ги доделуви наградите за најдобри од конкурсите „Млади поети”, „Млади уметници” и „Млади музички уметници”.

– Осма година по ред доделуваме награди за најдобрите млади поети и уметници, а за прв пат оваа година надворешна комисија одлучи и награди најдобри млади музички уметници, како дел од проектите за млади, истакна директорот на АМС Наумче Мојсовски. Тој додаде дека темата на Конкурсот „100 години од животот и делото на Блаже Конески” ја зголемува важноста и вредноста на сите творби.

– Ова се мали моменти кои во иднина ќе станат белег на Агенцијата за млади и спорт. Честитки за сите наградени со надеж дека сите тие ќе бидат мотив за сите млади да продолжат да творат, потенцираше Ѓорѓи Тасев, Советник за млади во Владата.

Претседателот на Комисијата за избор Христо Петревски истакна дека победничкиот поход карактеристичен за спортистите беше двигател во брзината и квалитетот на целокупниот процес на припрема и реализација на Проектите за млади таленти, кај кои изостануваше песимизам и дневно политички теми, а изобилуваше со квалитет и желба за творење. Чест и задоволство е да се видат млади лица кои секој на свој начин даде свој придонес во одбележување на 100 годишнината на ликот и делото на Блаже Конески.

Доделени се вкупно 14 награди во три категории и тоа „Млади уметници” во категорија од 15 до 20 години

– За најдобро авторско дело во дисциплина Сликарство се наградува Душан Цветков (11) , со делото под наслов „Блаже Конески“. За најдобро авторско дело во дисциплина ФОТОГРАФИЈА се наградува Kaja Тасевска (6) со делото „Родната кука на великанецот “. За најдобро авторско дело во дисциплина АНИМИРАН ФИЛМ се наградува Никола Димов, соопштија од  АМС.

Во категорија од 21 до 29 години за најдобро авторско дело во дисциплина СЛИИКАРСТВО е наградена Арбина Емини, во дисциплина ГРАФИКА – Ана Трајковска, а за ФОТОГРАФИЈА – Ирина Крстевска за делото под наслов „Духот на тешкото“.

Во истата катргорија за најдобро авторски дела во дисциплина КЛАСИЧНА МУЗИІКА е награден Филип Иванов, а за ПОПУЛАРНА МУЗИКА – Стефанија Александар Ристовска и Стефан Дуковски за делото „ Да не беше тој“.

Во категорија од 15 до 20 години прво наградена творба е „Наслутување“ од Александар Анѓелковиќ, второнаградена „Во ноќта на небесата светната твојот поглед го барам“ од Андреј Анѓеловиќ, а третонаградена е творбата „Ka kohë“ („Има Време“) од  Хава Куртиши,

Во категорија од 21 до 29 години првонаградена творба е „Бурата која нема глас“ од Никола Наумовски, второнаградена „Вдомување“ од Радица Стојановска, а третонаградена е творба без наслов од Дона Заревска.

извор: МИА
Next Post

Николовски за „Рубитон“: Мицкоски повторно со измислици ја манипулира јавноста

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk