ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Ивана Смилевска и Емилија Петреска од Радио МОФ добитници на наградата за најдобра новинарска сторија „Жан Моне“

May 27, 2021 17:25
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Сторијата „Од Вива ла Дива до победа во Стразбур, колку државата е отворена за транс права“ изработена од новинарките Ивана Смилевска и Емилија Петреска од Радио МОФ е најдобрата новинарска сторија која ја освои годинешната награда „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”.

Исклучиво тешко е да се слушаат сведоштвата и со какви проблеми се соочуваат трансродовите лица, особено оние проблеми кои се сосема банални, како, одење до продавница или одење до банка. Многу ми е мило што ја добиваме наградата во момент кога, оваа година, нашата земја направи мало помрднување на сферата за трансродовите права и Владата го утврди законот за менување на полот во матичната книга, изјави Смилевска, која дополни дека се надева дека токму оваа награда ќе направи државата да слушне уште повеќе и да ги оствари правата кои транс родовите ги бараат од неа.

На 18-тото издание на наградата „Жан Моне“ за најдобра репортерска фотографија беше избрана фотографијата на Арбнора Мехмети, објавена на „Мета.мк“ како дел од репортажата за работењето на Итната медицинска помош во услови на пандемија.

Додека стојам тука, би сакала да зборувам за состојбата на фотоновинарството. Се надевам дека оваа наша професија ќе преживее и понатака, затоа што, ако вака продолжува како што е тргнато сега, мислам дека за некоја година нема на кого веќе да ја доделите ова награда, рече Мехмети.

Воедно беше доделена и награда за најдобра аматерска фотографија на тема „Заедницата – тоа сме ние“, а добитникот е Виктор Поповски.

– Победничката фотографија ги опишува луѓето што ги гледаме постојано на улица, кои што просат, кои што целиот свој живот го поминуваат на тие улици, а ова е еден трагичен, но, сепак среќен момент затоа што се радуваат на едно обично мече. Така што, тоа ми беше поентата, тоа е нашето општество што нè опкружува и да не ги одминуваме тие луѓе, истакна Поповски во своето обрќање.

Во доделувањето на наградите присуствуваше евроамбасадорот Дејвид Гир кој во своето обраќање истакна дека улогата на новинарите во општеството е од особено значење и дека е клучна поддршката на влста, но и на граѓаните за развивање на оваа професија.

Ова награда го прославува професионалното новинарство и фоторепортерство, но, и придонесот на граѓаните во оваа смисла. Професионалните медиуми може да направат огромен придонес за доброто во општеството расветлувајќи ја корупцијата, разоткривајќи ја злоупотребата и поттикнување дебата во општеството, новинарите и новинарството треба да се стремат кон највисоките стандарди во својата професија, меѓутоа тие не се единствените кои треба да го работат тоа, треба и Владата да овозможи околина во која ќе може новинарството да се се развива, а секако и граѓаните со својата поддршка. Оваа година може да се каже дека беше тешка за сите нас, всушност и самата ЕУ се соочи со многу предизвици, затоа, решивме дека темата за доделување награда во професионалната категорија ќе биде солидарноста на Европската Унија во време на пандемија, кажа амбасадорот Гир.

Дарко Дуридански, претставникот на ССНМ пак, потенцира дека оваа награда најмногу придонесува кон вреднувањето на професионалното новинарство.

– Овој настан има основна цел да го подржи односно вреднува професионалното новинарство, оваа награда е важна зарди поддршка на различните мислења, поддршка на различностите на слободата и правото на изразување, слободата на медиумите, истакна тој.

Наградата „Жан Моне“ ја доделуваат Делегацијата на Европската Унија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

извор: МИА
Next Post

Заев: Со новиот Закон го штитиме земјоделското земјиште од злоупотреби и недоречености

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk