ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерот Бектеши на состанок на министрите за трговија на ЈИЕ: Трговијата е значаен поттик за зголемување на соработката во регионот

May 27, 2021 13:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија дефинираше среднорочна политика за поголема отпорност на економијата која се темели на повеќе платформи во периодот од 2021 до 2025 година. Политиките опфаќаат: Паметен раст за закрепнување и одлржлив развој на економијата , Фискална консолидација, Економски инвестициски план, Зелена агенда и Ревизија на постојните договори за слободна трговија. Повеќето платформи се базирани на регионот како стратешки документи за влијание врз економскиот развој и соработката во регионот.

Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на состанокот на  министерите за трговија на земјите од Југоисточна Европа кои денеска дебатитаа за “Предизвиците и можности за трговија во периодот по пандемијата COVID-19 во Југоисточна Европа“, со кој оваа година преседава Република Турција.

„Економско-инвестицискиот план е клучен документ за Западен Балкан, развивајќи на нови иницијативи и проекти за создавање на посилни врски и мрежи во инфраструктурата, дигитализација и поврзување на енергијата и транспортот, како нов стимул за економски раст. Заедничката позиција на овој план е подобра поврзаност на економиите во регионот во фундаментални реформи за развој на заеднички регионален пазар заснован врз законодавството на ЕУ, со цел регионот да стане поатрактивна област за инвестиции“ кажа министерот Бектеши во своето обраќање.

Министерот информираше дека Сверна Македонија како можност за олеснување на трговијата во регионот воспостави заедничка гранична контрола – едношалтерски систем со Србија и интегрирано управување со границите на Табановце – Прешево за стоки и патници, а најави дека на овој начин за заеднички контроли наскоро ќе биде воведен со Република Албанија на граничниот премин Ќафасан, каде неодамна беше изграден комплетно нов  терминал.

“Во пракса, веќе започнавме со активности за проширување на зелените коридори кон Бугарија и Грција. Овој концепт ги прави коридорите поефикасни за извоз, увоз и транзит на стоки, како зелени ленти што овозможуваат побрз транзит на одреден трансфер на потребната стока“ потенцираше министерот.

Бектеши кажа дека Република Северна Македонија неодамна започна со процес на ревидирање на договорите за слободна трговија со дел од трговските партнери на земјата, дозволувајќи повисок повластен третман и либерализација на трговијата.

“Сето ова треба да ја прошири веќе создадената област за слободна трговија. Степенот до кој ова може да се постигне ќе оди на некој начин кон обликување на иднината на трговијата и синџирите на вредности на регионално ниво, истражувајќи нови теми за да им помогне на деловните субјекти да имаат корист од повластената трговија.Сите овие се цели на нашата трговска политика што придонесува за нашиот економски раст“ кажа министерот Бектеши.

Министерот потсети дека Пандемијата КОВИД-19 ја предизвика најголемата здравствена и економска криза во светот досега со што беше нарушен нормалниот проток на трговијата, влијаеше на извозниот сектор на земјата и ја намали економската активност. Пандемиските импликации врз глобалната економија се присутни дури оваа година, додека масовната вакцинација на населението заврши.

Инфомираше за социо-економските мерки кои ги донесе Владата за ублажување на загубите кај најпогодените сектори со кои се „омекна“ падот на економијата на -4,4% и пад на увозот и извозот од 10%.

Сепак, како што кажа министерот нашата надворешно-трговска размена во најголем дел се спроведува во рамките на договорите за слободна трговија. Досега, мрежата на повластена трговија е со 41 земја, сите опфатени во 6 договори, со државите од ЦЕФТА, држави на ЕФТА и членки на ЕУ и билатерални договори со Турција, Украина и Велика Британија и Северна Ирска. Сите овие трговски партнери учествуваат со 75% во вкупната трговија на Република Северна Македонија во 2020 година.

„Нашиот трговски проток продолжува на ист начин оваа година, заради високиот систем на повластено тргување, и покрај несигурноста и големите ризици во време на пандемија“ заклучи министерот Бектеши.

Next Post

Најлесно е да бидете популисти и да кажете нема закон, но постои потребата за легализација на 50.000 дивоградби, живеалишта, водоводни и канализациони мрежи, вели Заев

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk