Во две години со Бугарија договоривме пет историски личности и три периоди за заедничко славење, вели Премиерот Заев во интервју за „Фокус“. Во своето интервју зборувајќи и за други работи, Премиерот се осврна и на Мицкоски… Најлесно е ништо да не правите, нашиот народ може само да гледа, слуша и да цени за тоа што се кажува. За некои договори да се направат се потребни 30 години. Најлесно е нешто да се поништи и да се погази, а тешко е да се постигне нешто и да се изгради, со што ќе се отвори перспектива за младите, вели Премиерот. За финансиската контрола на ТВ Алфа изјави дека немало тенденција и дека контролите ќе останат како составен дел од работата на инспекциите.
Со посетата на базиликата „Санта Марија Маџоре“, претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев денеска заеднички ќе им оддадат почит на Светите браќа Кирил и Методиј. Двајцата претседатели ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на Свети Кирил и Методиј. Тие ги предводат делегациите на двете земји во посетата на Рим и Ватикан во чест на сесловенските просветители.
Пред неколку денови на панелот „Говорот на омразата во политиката“, во организација на ЦИВИЛ, Петар Богојески се обиде неговиот експлицитен говор на омраза пласиран во последно време на социјалните мрежи да го прикаже како експеримент и истражување. Богојески претходно на социјалните мрежи осудувајќи ги протестите за поддршка на Палестинците одржани во Скопје, со неколку расистички коментари со експлицитен говор на омраза и повици кон активистката Мерсиха Смаиловиќ, предизвика бројни реакции кои одеа во правец на верска, етничка и расна нетрпеливост. А неколку граѓански здруженија, до МВР поднесоа пријава за говор на омраза и закани од страна на Петар Богојески, кој е државен советник во Министерството за одбрана на Северна Македонија.
Џафери очекува до 8 јуни да се најде на дневен ред на следната седница барем една од двете интерпелации поднесени за министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски. Џафери на денешниот брифинг со новинарите, информира дека до крајот на овој месец се очекува ребалансот на Буџетот да стигне во Собрание.
Доколку ги погледнеме приходите во 2021 година, ние имаме повисоко остварување на приходи во однос на 2020 година и во онос на планот на проекцијата на Буџетот за 2021 година кажа заменик-министерот Димитар Ковачевски. Кога го бранев буџетот за 2021 година во Собранието, нереалните критики беа дека приходите се нереални, бидејќи тие излегоа над планираните додаде тој.
М. Миткоска





