Денеска до Министерството за внатрешни работи беше поднесена пријава за говор на омраза и закани до Петар Богојески, државен советник во Министерството за одбрана од страна на активисти од повеќе граѓански здруженија.
„И без да ја барам, поддршката ја добив, како што еве на денешната прес-конференција при поднесувањето од бројни невладини организации од Бошњачката заедница, но исто така и Ромската заедница излезе со поддршка, кои што и тие се здружени во одредена коалиција, како две најпогодени заедници од неговиот континуиран говор на омраза„ истакна Мерсиха Смаиловиќ од Здружение на граѓани ЛЕГИС Скопје на прашањето на ЦИВИЛ Медиа дали е побарана поширока поддршка и од кого.