Антиваксерите земаат се поголем замав со зголемувањето на интересот за вакцинација деновиве. На Твитер се појави видео каде човек пред вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“, возбудено ги повикува луѓето да не се вакцинираат, притоа упатувајќи навредливи зборови кон премиерот Заев.
„Не верувајте во Заев, тој му служи на ѓаволот заедно со Сорос и Бил Гејтс…“, се само дел од зборовите кој што овој човек ги рече.
Чујте и почујте!!!!! pic.twitter.com/Y9MWpDrHQq
— Sheezika (@PDodevski) May 27, 2021
Ваквиот случај не е изолиран, со оглед дека социјалните мрежи изобилуваат со групи, страници и индивидуалци водени од недоволна информираност или други побуди, своето несогласување со процесот на вакцинација да го користат за ширење и на лажни вести, дезинформации и говор на омраза.
М. М.