ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангелов учествуваше на конференцијата „Подготовка за идна криза: Развивање поефективен систем за управување со кризи“

May 28, 2021 19:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видеоконференциска врска учествуваше на дводневната интернационална конференција и симулација за кризен менаџмент „Подготовка за идна криза: Развивање поефективен систем за управување со кризи“.

Воведни обраќања на конференцијата, како што соопшти ЦУК, имаа претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер. Инаку, како експерти за управување со криза од САД учествуваа Џим Раф, Џон Аголија,  д-р Ен Филипс…

На конференцијата стана збор за ангажманот и улогата на ЦУК како главен координатор при кризи, согласно двата дела на сценариото: Подготовка на рано предупредување и Вежба за управување со криза. При тоа, освен на ЦУК, имаше фокусирање на одговорностите на Собранието и на извршната власт, нивните односи и очекувањата што ги имаат едни од други за време на криза претставени во сценариото (на пример, институции/собраниски комисии, овластувања (вклучително и надзор), ресурси, комуникација), посочија од ЦУК.

Покрај претставувањето гледишта за системот за управување со кризи се разви дискусија нa интернационална конференција со симулација за кризен менаџмент преку видеоконференциска интернет врска.

Ангелов дискутираше за проценката и организационата поставеност и реалната активност на Групата за процена, Управувачкиот комитет, улогата на ЦУК и Владата во државата при кризи и се осврна и на употребата на националните ресурси во поддршка на локалните власти при справување со кризи. Притоа, зборуваше и за координацијата со Владата и со институциите од Системот за управуање со кризи во нашата држава во реални оперативни услови согласно и постојните законски регулативи во кореалија со можностите  и капацитетите и рерсурсите.

Истовремено, Ангелов одговораше и на многуте прашања од модераторите и од учесниците на конференцијата за дејствувањето на ЦУК, за координацијата на субјектите во системот за управување со кризи и за разликите меѓу кризна состојба и вонредна состојба. Притоа информираше и за престојни реформи во блиска иднина на системот за управување со кризи. Главните предвидени точки назначени како специфични цели беа во целост опфатени: да се испитаат постојните процеси за управување со криза; да се разјаснат улогите и одговорностите во системот за управување со криза; да ги оцени барањата на Собранието од извршната власт со цел подобрување на националниот процес за управување со кризи, и да се идентификуваат правците за подобрување на надзорот на процесите за управување со криза, информираа од ЦУК.

Во рамки на конференцијата беше разгледано управувањето со криза во контекст на пандемијата при што се сублимираа клучни наоди и препораки. Притоа, беше нагласено од организаторите дека симулацијата ќе биде проследена со презентација на клучните наоди во јуни за високи претставници од извршната и законодавната власт.

Организатор на конференцијата со многуте учесници од земјава и од светот, од системот за управување со кризи, е НДИ Северна Македонија (NDI North Macedonia).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи: За идентитетски прашања не разговараме, другите се решливи ако има атмосфера на доверба

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk