ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Квалитетното образование е инклузивно, новата концепција тоа го обезбедува

May 28, 2021 13:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Обезбедувањето на квалитетно и достапно образование за секое дете е примарна цел, како на Министерството за образование и наука, така и на Владата. И овие заложби кои не се само декларативни секојдневно ги покажуваме низ практични активности и спроведување на промени, не само во програмите, туку и во инфраструктурата, рече министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на инклузивно игралиште во Неготино.

– За квалитетно и достапно образование треба да имате квалитетни и инклузивни програми од една страна, но од друга страна имате обврска да ги подобрувате инфраструктурните капацитети, како и квалитетот на наставниот кадар и обука на истиот и на сето тоа забрзано работиме, изјави Царовска.

Со реформските процеси, истакна Царовска, што се поддржани од меѓународната заедница, како и од граѓански организации, сметам дека ќе ја постигнеме целта на квалитетно и инклузивно образование во период од пет до шест години.

– Ние веруваме дека новата Концепција за основното образование се потпира на инклузивноста како еден од главните столбови и дека токму затоа во делот на инфраструктурата интензивно вложуваме за да може да ги постигнеме заеднички целите, а тоа се квалитетно и достапно образование за секој ученик, за секој оној којшто влегува во процесот на образование да може да ги постигне максималните потенцијали кои што ги поседува, напомена Царовска.

Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј истакна дека Обединетото Кралство е посветено на поддршката за образование за сите, односно дека сите деца имаат право да бидат вклучени во образовниот систем.

– Иднината на едно општество зависи од сите нас, од сите различни луѓе, од различно потекло и се радувам што овие чекори кон иднината ги правиме заедно, изјави Галовеј.

Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, изразувајќи благодарност за донацијата, истакна дека општината и во иднина ќе продолжи да инвестира во објекти со кои им се помага на децата со посебни потреби.

Првото инклузивно игралиште во Неготино, како што соопшти Министерството за образование и наука, е во состав на ООУ „Гоце Делчев“ и е дел од проектот „Биди Ин, биди Инклузивен, биди Инклудиран, кој се спроведува од страна на фондацијата „Чекор по чекор“ со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство.

извор: МИА

Next Post

Денеска се регистрирани 50 нови случаи на Ковид 19

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk