ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Еуроникел Индустри и Синдикалната Организација во компанијата потпишаа Колективен Договор

May 28, 2021 13:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Еуроникел Индустри потпиша Колективен Договор со Синдикалната организација од компанијата, со кој се дефинирани дополнителни права и бенефиции за приближи 1000 вработени.

Од компанијата информираат дека Договорот опфаќа подобрување на условите за работа, унапредување на работната средина, зголемување на безбедноста при работа, пораст на платата на вработените и бројни други бенефиции за вработените.

Посочуваат дека за Еуроникел Индустри потпишаниот договор е дополнителен чекор во вреднувањето на вработените како најголем капитал и најважна инвестиција на компанијата.

– Еуроникел Индустри е компанија која успешно работи благодарение на својот највреден капитал, вработените. Тие се нашата најважна инвестиција и затоа целиме да креираме професионален и компетентен персонал, кој е соодветно вреднуван, а со тоа и мотивиран да го даде најдоброто од себе во раст и развој на компанијата. Она што ние како менаџмент можеме да им ветиме на вработените е долгорочна иднина, стабилност, напредни услови за работа, а со тоа придонес кон поквалитетен живот, рече Герасим Кујунџиев, директор на Еуроникел Индустри.

Компанијата во изминатите три години направи големи инвестиции кои директно ги подобруваат условите за работа.

– Инвестирањето во вработените, во работната средина во Еуроникел Индустри, како и во самата фабрика се одвиваат во континуитет. Вкупните инвестиции во изминатите 3 години надминуваат 130 милиони евра, а само последните неколку месеци оваа година имаме реализација на инвестиции во опрема која надминува 2,5 милиони евра. Сите овие вложувања имаат за цел да ја подобрат ефикасноста и нормативите на производниот процес, а со тоа да се зголеми и конкурентноста на компанијата на меѓународно ниво, што е од исклучителна важност за долгорочноста на компанијата, истакна Андреас Цагарис од Еуроникел Индустри.

Претседателот на Синдикатот Миле Ѓорѓиев го истакна задоволството од досегашната комуникација и соработка и посочи дека потпишувањето на овој Колективен Договор е резултат на нашата континуирана комуникација со менаџментот на компанијата и на заедничките заложби за подобрување на работничките права. – Досега веќе постигнавме многу, оваа година веќе е реализирано покачување на платата, а продолжуваме со секојдневна комуникација за понатамошно подобрување на секој аспект од работата што се одразува врз работниците и нивната добросостојба и задоволство од работната средина, посочи тој.

И претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов го поздрави потпишувањето на Колективниот Договор во Еуроникел Индустри и упати порака до сите членови на СИЕР, но и до другите компании кои немаат синдикално здружување, дека уредувањето и унапредувањето на правата на работниците е клучен фактор за постигнување на зацртаните цели на секоја компанија, бидејќи токму работниците се тие што ја креираат најголемата вредност на секоја компанија.

– Потпишувањето на Колективниот Договор и сите овие дополнувања на правата на вработените во Еуроникел Индустри се договорени во месец мај во знак на чествување на празникот на трудот и почит кон работничките заложби. Во Еуроникел Индустри моментално работат приближно 1000 вработени, информираат од компанијата.

извор: МИА

Next Post

Претоварени автобуси се движеле кон Охрид непочитувајќи ги здравствените прописи против Ковид-19

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk