Денеска ја примив втората доза од вакцината на кинескиот производител Синофарм. Вакцината е единствениот начин да се спречат компликациите и тешките облици на Ковид 19, напиша министерот за здравство Венко Филипче на профилите на социјалните мрежи.
Сите вакцини кои ги имаме во нашата држава се безбедни и ефикасни, апелирам до сите граѓани да се пријават за вакцинација, само така ќе го победиме вирусот, напиша Филипче.






