Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека со Бугарија може да се најде решение за употребата на краткото име на државата и за дополнителни гаранции за спроведување на Договорот за добрососедство од наша страна. Но, дециден е Османи, во ниту еден случај тема на разговорите за решавање на проблемот со Бугарија и деблокирање на европската перспектива на земјава нема да бидат идентитетските прашања.
В.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видеоконференциска врска учествуваше на дводневната интернационална конференција и симулација за кризен менаџмент „Подготовка за идна криза: Развивање поефективен систем за управување со кризи“. Воведни обраќања на конференцијата, како што соопшти ЦУК, имаа претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер. Инаку, како експерти за управување со криза од САД учествуваа Џим Раф, Џон Аголија, д-р Ен Филипс…
Доколку советниците на ВМРО-ДПМНЕ не разбрале за што гласаат и со тоа лажно ги информирале и ги довеле во заблуда своите сопартијци, во оваа прилика ќе им појасниме дека на вчерашната 56 седница, Советот на општина Прилеп донесе одлука за префрлање на вишокот на средства од сметката за блок дотации, на сметката на основниот буџет на Општина Прилеп за 2021 година. Станува збор за наменски средства, кои беа предвидени за превоз на ученици и за загревање на училиштата за минатата 2020 година, кои заради пандемијата на ковид-19, останаа неискористени.
Идејата за намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5 проценти, која што се дискутира и анализира веќе цела година, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изминативе денови се обидува да ја протурка како своја. Ваквиот предлог за намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5 проценти го даде РКЕ уште во јули минатата година, а премиерот Зоран Заев кажа дека секој ваков предлог кој е во корист на граѓаните е прифатлив за Владата.