ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Нема нови даноци, мај ќе го завршиме со 200 милиони евра повеќе во споредба со првите пет месеци лани

May 28, 2021 14:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Испраќаме порака на стабилност, нови даноци нема да има. Можни се нови намалувања од последниот квартал на годинава. Мај ќе го завршиме со 200 милиони евра повеќе пари од Царина и од УЈП во спредба со првите пет месеци лани, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со ребалансот на Буџетот.

Според Заев, кризен данок не ни треба. Државата е за правично оданочување – богатите повеќе да плаќаат.

-Пораката е стабилни даноци, ништо нема да правиме изненадувачки што и да се случува во државата, сме го ветиле тоа пред граѓаните и коморите. Целта е државата да ги собира своите приходи преку борба со сивата економија и верувам дека ќе бидеме успешна приказна во позитивниот натпревар во регинот. Стабилноста на даноците е важна, ја потврдуваме и како левичари сме кажале, 2023-та ако успеат сите анализи, сме за правично оданочување, истакна Заев, афимрирајќи го новиот закон за данок на имот.

Планот е, како што напомена, од последниот квартал од 2021 година да се оди со намалувања на персоналниот данок на доход во ИТ од десет на пет отсто, во последниот квартал од 2022-ра на три проценти и во последниот квартал од 2023-та година на нула проценти. Целта е да се поттикнат стартапите и иновативноста.

-Царина имаа 6,7 посто поголеми приходи од првите пет месеци во 2019 година, што кажува дека економијата е вратена во својот колосек. Ако бидеме паметни да го искористиме овој бран, зашто секоја криза е можност, тогаш ќе оствариме зголемен БДП, нови работни места, нови инвестиции, нови извози од државата. Но, ако има потреба за зголемување на дефицит, не знам реално, тоа би било заради определбата да продолжиме да помагаме. Не дека ние очекуваме некој четврти бран или петти, но треба да помагаме. По 15 месеци видовме дека секоја помош на сиромашните граѓани, на работниците и на компаниите, некако ни се враќа во буџетот. Државата треба да биде сервис, нагласи Заев и за утре најави посебна прес-конференција со економските ресори, како и состаноци со министерот за финансии викендов.

извор: МИА

Next Post

Радев: Бугарија сака што поскоро да ја види Северна Македонија на европскиот пат

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk