ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заради непоколебливоста на нашиот народ и нескршливоста на неговиот дух, денес Република Северна Македонија е слободна, независна и современа држава

May 28, 2021 16:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Разловечкото востание има посебно значење за македонскиот народ. Со него започнува организираната борба против неправдата, угнетувањето, теророт  врз  македонскиот народ за  време на петвековното османлиско ропство.Тоа е симбол на непокорот на нашиот македонски народ и  предвесник на неговата борба за слобода“ истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод одбележувањето на 145 години од Разловечкото востание во село Разловци.

Министерката Шахпаска во своето обраќање пред присутните, потенцираше дека заради непоколебливоста на нашиот народ и нескршливоста на неговиот дух, денес Република Северна Македонија е слободна, независна и современа, држава која одлучно чекори кон големото европско семејство, земја полноправна членка на најмоќниот военополитички сојуз НАТО.

„Секое време носи нови предизвици, секоја генерација има свои битки, секој чекор напред има препреки. Од тука нашата одговорност како граѓани, како политичари и носители на одлуки е огромна. Пандемијата со Ковид 19 е светски економски, но пред се здравствен предизвик пред кој и најмоќните економии беа ставени на тест. За нас како Влада два предизвици беа приоритетни: зачувување на секое работно место и подршка на граѓаните, но пред се ранливите за полесно да ја премостат кризата. Успеавме со јасно дефинирани и навремени 6 пакети на финансиска помош да спасиме 80 000 работни места. Дополнителни 6500 домаќинства да добијат ГМП, финансиски ги помогнавме невработените, пензионерите, самохраните родители и останати граѓани. Сега наш предизвик е процесот на вакцинација кој ќе ни помогне да излеземе од пандемијата и сериозно да почнеме со опоравување на македонската економија и враќање на нашето нормално секојдневие“, порача министерката.

Во своето обраќање, градоначалникот Трајковски истакна дека за славното Разловци во 1876 година, секогаш се зборува со посебен пиетет но, треба да се зборува и вложува и за сегашноста и за иднината, при тоа изразувајќи благодарност за поддршката од Владата на РСМ за реализацијата на клучни проекти во ова село кои значат подобар квалитет на животот на жителите на најодалеченото село во делчевската општина.

„Изминатиов период решававме децениски проблеми во ова село. Градевме патна инфраструктура, го решававме проблемот со недостигот на вода, проблемот со наводнувањето, со комуналниот отпад. Наскоро ќе започнат градежни активности за изградба на локалниот пат Делчево-Тработивиште, со што ова село добива нова патна алтернатива. Свесен сум дека има уште работа во селото, но, верувам дека со посветена работа и наредниот период ќе продолжиме да ги затвораме и другите отворени прашања и ќе одговараме на потребите на граѓаните“ , рече Трајковски.

На настанот кој традиционално, беше организиран во дворот на црквата „Св. цар Константин и царица Елена“ во селото Разловци, присуствуваа и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка,  Роберт Алаѓозовски, градоначалникот на општина Делчево,Трајковски, претставници на институции,  политички партии и  здруженија на граѓани кои положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен-обележјето на поп Стојан, еден од организаторите на Востанието, а поставено на влезот на црквата.

Next Post

ЗОО Скопје: Конечно дојде и денот кој сите го очекувавме- Утре се отвора Дино Парк Скопје

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk