ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Анѓушев: Не сум увезувал мазут, ќе тужам за 1 евро само да се дознае вистината

May 29, 2021 09:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту јас, ниту „Брако“, ниту другите фирми во кои имам удел никогаш не увезле мазут или нафта, ниту некогаш сум договарал увоз на овие горива. Она мало количество мазут што досега го користеше „Брако“ во погонот за поцинкување, 0,5% од вкупната потрошувачка во земјава, е набавено на домашниот пазар, од лиценцирани фирми, производ што веќе ги поминал сите контроли за квалитет од соодветните институции, рече вечерва претседателот на „Брако“, г. Кочо Анѓушев во интервју во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Тој уште еднаш ги демантира наводите од првата епизода од документарниот серијал „Редакција“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) дека на каков било начин е поврзан со случајот со токсично масло кое во земјава се увезувало како мазут и нагласи дека лично не ги познава сопствениците ниту претставниците на босанската фирма „Хифа оил“ преку која, како што беше објавено, маслото по потекло од „Унипетрол“ од Чешка, во земјава го увезувала „Евротим“ од Кичево.

– Средбата со претставникот на босанската фирма „Хифа оил“ се случи во попладневните часови, а не навечер во мрачна атмосфера. Присутни беа претставници на мојот кабинет, кои може да кажат за што се разговарало. Средбата е заведена во архивите на Владата и траеше 30 минути. Изудин Ахметовиќ од „Хифа оил“ на таа средба дојде како претставник на коморското здружение „Бизнис центар“ Тешањ – Јелавиќ од БиХ. На средбата е дискутирано исклучиво за поканата кон македонската влада за учество на саем и бизнис-форум и во ниту еден момент на таа средба не е спомнат мазут или која било друга тема. Илија Стрезовски од „Евротим“ беше претставен како негов соработник од Македонија. Никогаш претходно и никогаш потоа не сум се сретнал со тие луѓе – рече Анѓушев, приложувајќи копии од владини документи кои даваат увид за она што се дискутирало на средбата, од која постои и видеозапис.

Во однос на емисијата „Редакција“, Анѓушев го изрази своето разочарување од начинот на кој е реализирана емисијата. Тој приложи испис на телефонските разговори од кој се гледа дека повикот кон новинарката Сашка Цветковска е возвратен набрзо откако ја добил нејзината порака. И покрај поканата, таа никогаш не се јавила повторно за да закаже средба или да го посети „Брако“.

– Разочаран сум што мојата страна од приказната воопшто не е присутна во емисијата, а изнесени се тешки обвинувања кои ми нанесоа огромна штета. Воедно, од ИРЛ не го објавија демантот што го испрати „Брако“ по емисијата. Како вицепремиер сум бил обвинуван за сешто, но не сум тужел никого. Сум испраќал деманти, кои медиумите ги објавувале. Овој пат ќе дадам уште една шанса да се објави демант на наводите. Во спротивно ќе тужам. Тоа ќе биде тужба за 1 евро. Не барам парична отштета, но сакам да ја докажам вистината – подвлече Анѓушев.

Претседателот на „Брако“ додаде дека е голем поддржувач на екологијата, потсетувајќи дека неговата компанија ги произведе првите возила за одржување хигиена во урбани средини кои работат на водороден погон, без воопшто да загадуваат, кои се извезуваат во повеќе земји низ светот.

– Од 15 јуни „Брако“ воопшто нема да користи мазут. Во изминатиов период спроведовме циклус инвестиции и преминуваме на целосно зелена производствена технологија – додаде тој.

Анѓушев повика овој случај целосно да се расчисти и да се утврдат вистинските виновници.

– Истиот воздух го дишеме сите, и јас, и мојот син, семејството и вработените. Виновниците треба да сносат одговорност – рече тој.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Предложено попуштање на рестриктивните мерки, препораките за заштита од Ковид-19 и натаму треба да се почитуваат

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk